Покана за првиот академски час

Почитувани студенти,

    Ми претставува особена чест и задоволство да Ве поканам на првиот академски час на 1-ви октомври 2021 година со почеток во 12 часот кој ќе се одржи по електронски пат на платформата ZOOM, на следниот линк: 

https://us02web.zoom.us/j/85923678757?pwd=bktVTVRmMzhvUUs0SHNiaS9rVjF2QT09

Meeting ID: 859 2367 8757 

  На првиот академски час на Факултетот свое обраќање ќе имаат ректорот на Универзитетот, деканот на Факултетот, поранешни студенти, како и претставник на Универзитетското студентско собрание, кои со студентите ќе го споделат своето професионално искуство, ќе евоцираат спомени од студентските денови и ќе им укажат на можностите што им се нудат по завршувањето на студиите, според следната програма: 

  • 12.00 Почеток на Првиот академски час 
  • 12.00 Поздравно обраќање на деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје – проф. д-р Сашо Георгиевски;
  • 12.10 Поздравно обраќање на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје – проф. д-р Никола Јанкуловски;
  • 12.20 Поздравно обраќање од Ева Цветковска – Претседателка на Универзитетското студентско собрание и студентка на правните студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје;  
  • 12.25 Поздравно обраќање од д-р Дарко Костадиновски, судија на Уставниот суд на Република Северна Македонијапоранешен студент на правните студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје; 
  • 12.30 Поздравно обраќање од м-р Илина Мангова, поранешна студентка на политичките студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје и  
  • 12.35 Поздравно обраќање од Ана Петрушева – поранешна студентка на студиите по новинарство на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје. 

Во очекување на Вашето присуство,

срдечно Ве поздравувам,

Проф. д-р Сашо Георгиевски, декан

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux