Пракса во Канал 5 за студентите по новинарство !

Можност за практична работа на студенти по новинарство на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје во ТВ Канал 5.

Пријавете се!

Што бараме: Информативната програма на ТВ Канал 5 нуди можност за практична
работа на четворица студенти од завршните години на новинарство од додипломски и мастер студии;

Кога: во летните месеци (јули, август, септември);

Што нудиме: можност идните новинари да стекнат со важно искуство во реални услови во редакција на национална телевизија – работа со ментор искусен новинар или уредник, во сите фази од подготовката на прилозите – планирање, снимање, пишување, монтирање.  Дополнително, доколку постои взаемен интерес, можност за вработување!

Што е потребно: заинтересираните студенти да испратат кратко CV + кратко мотивационо писмо на desk@kanal5.com.mk и на praven@pf.ukim.edu.mk. Краен рок за пријавување е 10 јули. Студентите што ќе бидат избрани ќе бидат контактирани за прецизирање на почетокот на стажирањето.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux