ПРВ АКАДЕМСКИ ЧАС

Почитувани студенти,

Ве известуваме дека на 1 Октомври со почеток во 11 часот, на платото пред Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје ќе се одржи првиот академски час за бруцошите.

На првиот академски час ќе се обратат и ќе ги поздрават студентите
– проф. д-р Никола Јанкуловски, ректор на Универзитетот “Св. Кирил и Методиј”,
– проф. д-р Горан Коевски, декан на Правниот факултет “Јустинијан Први” во Скопје и
– г-дин Стево Пендаровски, Претседател на Република Северна Македонија.
Потоа, на бруцошите ќе им бидат врачени индексите.

Студентите запишани во претходните генерации првиот академски час ќе можат да го следат онлајн преку платформата Zoom или преку Facebook профилот на Факултетот.

Бруцошите кои нема да можат да присуствуваат на првиот академски час, индексите ќе може да ги подигнат од Службата за студентски прашања секој работен ден од 10 до 15 часот започнувајќи од 2.10.2020 година.

Предавањата согласно распоредот објавен на веб на Факултетот ќе започнат на 5.10.2020 година и ќе се одржуваат онлајн преку Microsoft Teams. Линковите/ кодовите за да пристапите на предавањата ќе ги добиете преку координаторите на групите, а за бруцошите ќе бидат објавени на веб на Факултетот. Исто така, ве известуваме дека колоквиумите ќе се спроведат во колоквиумската недела во периодот 16-20.11.2020 година.

За вашите права и обврски како студенти, условите, критериумите, правилата и постапката за запишување и студирање може да се информирате во Водичот што е достапен на следниот линк

Наставните програми за предметите се достапни на веб страницата на Факултетот на следните линкови:

Правни студии – прв циклус

Политички студии – прв циклус

Студии по новинарство – прв циклус

Односи со јавност – прв циклус

Дополнително, Факултетот во соработка со Факултетското студентско собрание, за бруцошите ќе организира онлајн ден за ориентација на кој ќе може да се запознаат со студентските организации и можностите за вклучување во нивните активности, со работата на правните клиники на Факултетот, студентските натпревари, можностите за студентска мобилност преку Erasmus програмата и сл.

За сите останати информации ви стоиме на располагање на www.pf.ukim.edu.mk, 02/3117-244 лок.145, praven@pf.ukim.edu.mk, https://www.facebook.com/pravenfakultetjustinijanprvi/.

Ви посакуваме пред се’ добро здравје и успешна учебна 2020/2021 година!

Со почит,
Правен факултет “Јустинијан Први” во Скопје

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux