СООПШТЕНИЕ

Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, соопштува дека на ден 16.06.2021 година (среда) во 10 часот, кандидатот Стефан Цветковски, студент на втор циклус студии – насока финансово право ќе го брани својот магистерски труд на тема: „ Правна анализа на пазарот на капитал со посебен акцент на издавањето и тргувањето со корпоративни обврзници во Република Северна Македонија “

Одбраната ќе се одржи преку видеоконференциска платформа Microsoft Teams.

Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux