ЈАВЕН ПОВИК

Јавен повик за доделување на признанието „Успешни млади“ кое го доделува Претседателот на Република Северна Македонија.

Јавниот повик ги опфаќа сите лица кои заклучно со 2021 година навршиле 35 години, а кои постигнале значајни резултати во 8 категории:

1. Најдобар/а млад/а научник/чка во општествените науки;

2. Најдобар/а млад/а научник/чка во хуманистичките науки;

3. Најдобар/а млад/а научник/чка во природно-математичките и техничките науки;

4. Најдобар/а млад/а научник/чка во медицинските науки;

5. Најдобар/а млад/а иноватор/ка;

6. Млад талент (за ученици и ученички од средните училишта);

7. Признание за постигнат особен успех и за афирмација на инклузијата (за млади со попреченост);

8. Најдобар/а млад/а уметник/чка.

Повикот е отворен до 30 септември 2022 година. Повеќе информации се достапни на следниот линк: https://pretsedatel.mk/uspesnimladi21/

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux