ЗАПИШУВАЊЕ И ЗАВЕРКА НА СЕМЕСТАР НА СТУДЕНТИ НА МАСТЕР СТУДИИ ЗАПИШАНИ ВО ВТОРИОТ УПИСЕН РОК НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

Почитувани студенти,

Во период од 07 до 14 мај, 2021 година во периодот 8:30-16:30 часот, задолжително треба да го заверите зимскиот семестар и запишете летниот семестар за учебната 2020/2021 година во Службата за студентски прашања на Правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје.

Потребните документи за запишување летен семестар во службата за студентски прашања преземете ги ТУКА.

Покрај потребните документи, (дадени на линкот погоре), во службата за студентски прашања ќе треба да го пополните образец за избор на предмети за летниот(8ми) семестар.

Во прилог се дадени линкови од сите студии на постдипломски. Доколку сте правни студии, потребно е да изберете едногодишни или двегодишни студии по одредената насока и потоа да изберете предмети.

https://pf.ukim.edu.mk/правни-студии/

https://pf.ukim.edu.mk/politichki-studii/

https://pf.ukim.edu.mk/studii-po-novinarstvo/

https://pf.ukim.edu.mk/odnosi-so-javnost/

Откако ќе ги наведете избраните предмети, во самиот образец даден од службата за студентски прашања, треба да ги штиклирате предметите што ќе се одлучите да ги полагате од осмиот(8ми) семестар во јунската испитна сесија.

Предметите од осмиот семестар што ќе ги штиклирате, ќе ви бидат пријавени во iKnow системот  за јунската испитна сесија.

Доколку, сакате да полагате предмети во јунската испитна сесија од седмиот (7) семестар, пријавете ги во iKnow системот во периодот од 7- 17 мај.

Во прилог ви е дадено Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.

Со почит,

Правен факултет “Јустинијан Први”