Конкурс за запишување студенти на I,II и III циклус

К О Н К У Р С за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2019/2020 година

КОНКУРС за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2019/2020 година

К О Н К У Р С за запишување студенти на трет циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2019/2020 година

Линк до У П И С И 2019/2020 година 

Драги наши идни студенти!

Ве потсетуваме дека роковите за пријавување на прв циклус студии се на 29 и 30 август 2019 година.
Потребните документи за пријавување, како и електронската пријава и изјавите од електронската пријава може да ги доставите во Службата за студентски прашања на Факултетот на 29 и 30 август во периодот од 8 до 16 часот.

Уште еднаш ве потсетуваме кои се потребни документи за пријавување.

#запишисенаПравен #студирајнаПравен #сегледаменаПравен #ЈустинијанПрвисекогашпрви

Документи за пријавување

Пред пријавувањето во роковите утврдени со Конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот којшто кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.

При пријавувањето за запишување на факултетите кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
1. пријава за запишување (образец А1) (Пријава за запишување може да се купи од книжарницата лоцирана на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје).
2. електронска пријава (од iKnow-системот)
3. оригинални свидетелства од сите класови
4. документ за положена државна матура (оригинално свидетелство за завршено средно образование)
5. извод од матичната книга на родените
6. доказ за државјанство на РСМ (уверение или решение)
7. потврда за уплатa:
– 300 денари на жиро-сметката на Факултетот:
Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
Банка: НБРМ
сметка: 100000000063095
сметка на буџетски корисник: 1600103700-788-11
приходна шифра: 723019 програма 41
цел на дознака: пријавување за упис во 2019/2020

Кандидатите кои конкурираат за запишување како вонредни студенти ги поднесуваат, освен горенаведените, и документите наведени во глава VI, точка 3.
При пријавувањето за запишување како вонредни студенти, кандидатите поднесуваат образец М1/М2 нотарски заверен, или лекарско уверение за причините наведени во точка 1 став 2 (издадено од З.У. Студентска поликлиника на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје).

Документи за пријавување и запишување