СООПШТЕНИЕ

Во врска со препораките на Комисијата за заразни болести на Министерството за здравство, како и врз основа на препораките на Владата на Република Северна Македонија, за заштита на населението од вирусот Ковид-19 и за превенција од ширење на вирусот и Правилникот за начинот на реализација на дејностите на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и единиците во неговиот состав согласно мерките на надлежните органи во Република Северна Македонија за спречување на внесување и ширење на Корона вирусот, стручната и административна служба на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје воведува нов времен режим на работа со странки.

Ве информираме за следните можности за комуникација со стручната и административна служба на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје со цел да излеземе во пресрет на Вашите барања/потреби во периодот кој претстои.

Ø Вашите барања за издавање на документи поврзани со вашиот образовен процес ќе може електронски да ги поднесете на e-mail адреса (задолжително на двете e-mail адреси ): z.kubur@pf.ukim.edu.mk a.jordev@pf.ukim.edu.mk

Во Вашиот електронски допис треба јасно да наведете:

1. Име и презиме, циклус на студии, студиска програма и број на индекс;

2. Предмет на Вашето барање;

3. Во прилог на електронскиот допис да доставите јасно скениран документ (уплатница) како доказ за направена уплата за бараната услуга;

4. Во прилог на електронскиот допис да доставите и скениран индекс (скенирана првата страница и скенирани сите други пополнети страници на индексот).

НАПОМЕНА: Во периодот на времениот режим на работа со странки, бараниот документ ќе Ви биде доставен на Вашата e-mail адреса во најкус можен временски рок.

Пример:

То: z.kubur@pf.ukim.edu.mk a.jordev@pf.ukim.edu.mk

Subject: БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА ПОТВРДА/УВЕРЕНИЕ

Почитувни,

Јас,______________________________ (име и презиме, циклус на студии, студиска програма и број на индекс) замолувам да ми биде издаден документ ________________ (да се наведе документот што се бара да се издаде) заради ________________ (да се наведе причината за којашто се бара документот).

Во прилог на овој допис Ви доставувам скенирана потврда за направена уплата (уплатница) и скениран индекс.

Со почит,

_____________________ (име и презиме)

Ø Пријава за изработка на магистерски труд ќе може да доставите електронски на e-mail адреса (задолжително на трите e-mail адреси): z.kubur@pf.ukim.edu.mk a.jordev@pf.ukim.edu.mk

e-mail на менторот

Во Вашиот електронски допис треба јасно да наведете:

1. Име и презиме, студиска програма и број на индекс;

2. Во прилог на електронскиот допис да доставите и скениран индекс (скенирана првата страница и скенирани сите други пополнети страници на индексот), како доказ за положенените испити и заверен тековен семестар.

НАПОМЕНА: По завршување на времениот режим на работа со странки, должни сте да го донесете индексот во Службата за студентски прашања, за да се евидентира датумот на поднесување пријава за изработка на магистерски труд.

Пример:

То: z.kubur@pf.ukim.edu.mk a.jordev@pf.ukim.edu.mk

e-mail на менторот

Subject: ПРИЈАВА ЗА ИЗРАБОТКА НА МАГИСТЕРСКИ ТРУД

Почитувни,

Јас,______________________________ (име и презиме, студиска програма и број на индекс) во прилог Ви доставувам пријава за изработка на магистерски труд.

Во прилог на овој допис Ви ја доставувам пријавата за изработка на магистерски труд и скениран индекс.

Со почит,

_____________________ (име и презиме)

Ø Доколку е завршена менторската фаза за изработка на магистерски труд и се предлага формирање на Комисија за оцена на магистерскиот труд, должни сте електронски да доставите известување дека е завршена менторската фаза и дека е предаден магистерскиот труд на e-mail адреса (задолжително на двете e-mail адреси): z.kubur@pf.ukim.edu.mk a.jordev@pf.ukim.edu.mk

Во Вашиот електронски допис треба јасно да наведете:

1. Име и презиме, студиска програма и број на индекс;

2. Во прилог на електронскиот допис да доставите и скениран индекс (скенирана првата страница и скенирана страницата во индекс каде е евидентирано дека сте доставиле пријава за изработка на магистерски труд).

НАПОМЕНА: По завршување на времениот режим на работа со странки, должни сте да го донесете индексот во Службата за студентски прашања, за да се евидентира датумот на поднесување на магистерскиот труд, како и да доставите три печатени примероци од магистерскиот труд во спирали.

Пример:

То: z.kubur@pf.ukim.edu.mk a.jordev@pf.ukim.edu.mk

Subject: ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРЕДАДЕН МАГИСТЕРСКИ ТРУД

Почитувни,

Јас,______________________________ (име и презиме, студиска програма и број на индекс) Ве известувам дека го предавам магистерскиот труд под наслов: „__________“, ментор (да се наведе името и презимето).__________________________________________.

Во прилог на овој допис Ви доставувам скениран индекс.

Со почит,

_____________________ (име и презиме)

Ø Студентите на кои ќе им биде усвоен извештај за оцена на магистерски труд, должни се по завршување на времениот режим на работа со странки да достават во архивата на Факултетот пет печатени примероци од магистерскиот труд со тврд повез.

Ø Во периодот на времен режим на работа со странки, главниот влез на Факултетот и сите споредни влезови ќе бидат затворени. Ќе се отвора само страничниот влез на Факултетот (кај студентски прашања) со повик, на тој начин што доколку студент има потреба од издавање на оригинален документ од Службата за студентски прашања, ќе контактира со службеното лице со телефонски повик.

Телефони за контакт со службени лица:

– Зоран Китановски (во среда) тел: 075/261-996

– Виолета Симоновска (во четврток) тел: 076/965-148

– Ердоан Кубур (во петок) тел: 070/350-335

– Александар Јордев (во понеделник) тел: 070/240-824

– Зорица Галовиќ (во вторник) тел: 075/484-140

Ви благодариме на разбирањето, заедно да придонесеме во зачувување на личното и јавното здравје! 😷

Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје