Програмата на Резидуалниот Механизам за Меѓународните трибунали за Поранешна Југославија и Руанда (МИП) која го започнува својот трет циклус на Интер-Универзитетски предавања

Програмата на Резидуалниот Механизам за Меѓународните трибунали за Поранешна Југославија и Руанда (МИП) го започнува својот трет циклус на Интер-Универзитетски предавања.

На 13ти октомври во 10 часот со ќе се одржи информативен настан за промоција на програмата како и претставување на победничките есеи на мастер студентите од правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје во збирката трудови за 2020.
Линк за пристапување:

Join Zoom Meeting

https://us02web.zoom.us/j/86417075226

Meeting ID: 864 1707 5226

Интер-Универзитетските предавања обединуваат студенти на постдипломски студии од девет правни факултети низ поранешна Југославија со цел да отвори дијалог за поновата историја на регионот, улогата на Меѓународниот кривичен трибунал за поранешна Југославија (МКТЈ) и принципите на меѓународното кривично право и меѓународното хуманитарно право.
Предавањата опфаќаат теми како што се уништување на културно наследство; гонење на сексуалното насилство сторено во време на војна; улогата на Трибуналите во развојот на меѓународното право; улогата и функциите на Резидуалниот Механизам, и други релевантни теми.

Воведното предавање ќе биде проследено со 15 предавања одржани неделно од страна на главните судски експерти на Трибуналите – искусни адвокати и судски експерти на Механизмот.
За следењето на предавањата студентите добиваат сертификат од Механизмот, како и дополнителна можност да работат на труд кој ќе биде објавен од Механизмот (под менторство на проф. д-р Елена Михајлова Стратилати и во соработка со Механизмот). Авторите на најдобрите есеи ќе добијат можност за едномесечно стажирање во Механизмот во Хаг.
За сите поконкретни информации и распоред на предавањата за третиот циклус, заинтересираните студенти можат да се обратат на проф. д-р Елена Михајлова Стратилати  на: elenamihajlova@yahoo.com
Повеќе иформации во врска со програмата можете да најдете на следните линкови:

https://www.irmct.org/en/news/21-05-12-second-cycle-mechanisms-inter-university-video-lecture-programme-concludes

https://www.irmct.org/en/news/19-10-31-president-agius-delivers-first-lecture-mechanism-inter-university-video-lecture

 Збирката есеи, во која се застапени есеит на студентите од правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје може да ја најдете на следниот линк:

https://www.irmct.org/sites/default/files/mip/MIP-2020-Essay-volume.pdf

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux