СООПШТЕНИЕ ЗА ПРАВО НА ОСИГУРУВАЊЕ И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ТРАНСАКЦИИ

Се известуваат студентите кои ја избрале предметната програма право на осигурување и обезбедување трансакции, како изборна во рамките на IX-тиот семестар, дека за истата ќе се држи само менторска настава, од причина што не е формирана група од најмалку 21 студент. Испитната литература е наведена во силабусот за предметната програма даден во ПРИЛОГ. Во однос на научно-истражувачките работи, студентите можат самите да изберат дали ќе изработуваат тема од делот за личноправни средства за обезбедување, од делот за стварноправни средства за обезбедување, или пак од делот за извршноправни средства за обезбедување, за што треба да контактираат со соодветните наставници. Во поглед на делот за личноправни средства за обезбедување, консултации ќе се држат на 12.03.2019 година, од 11:00 часот, во кабинетот на проф. д-р Ненад Гавриловиќ.

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux