УНАПРЕДЕТЕ ГИ СВОИТЕ ШАНСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ И КАРИЕРА СО ПРОГРАМАТА ЗА СТИПЕНДИИ НА ЛУКСЕМБУРШКИОТ БИЗНИС УНИВЕРЗИТЕТ!

 – ГАРАНТИРАНО ЕДНОСТАВНА И БРЗА ПОСТАПКА НА ПРИЈАВУВАЊЕ! –

Европскиот бизнис (деловен) универзитет од Луксембург и ЕРИ СЕЕ  (Иницијатива за реформа на образованието во Југоисточна Европа) ви ја претставуваат Програмата за стипендии за онлајн деловни (бизнис) курсеви (менаџмент, ИТ, јакнење на улогата на жените, англиски јазик, финансии…) наменет за 100 граѓани. Програмата за стипендирање подржана е од страна на Владата на Луксембург.

Оваа понуда значи дека 100  граѓани  имаат прилика да пратат деловни (бизнис) курсеви  од висок квалитет на престижниот Европски деловен (бизнис) универзитет. Курсевите имаат пазарна вредност од 740 EUR, но, благодарение на оваа Програма за стипендирање, достапни  се бесплатносо услов за плаќање на надоместок за учествоод  20 EUR (по пат на кредитни картички). Курсевите нудат драгоцени знаења и вештини потребни на пазарот на трудот и можат значително да ги унапредат изгледите на  посетителите за развој на кариерата и за наоѓање на работа.

Курсевите се одржуваат на англиски јазик, така да знаењето на англискиот јазик е неопходно. Меѓутоа, за оние на кои им е потребна помош околу англискиот јазик, во рамките на оваа шема им се нуди онлајн програма за англиски јазик.

Процедурата за пријавување многу е едноставна, се состои од неколку чекори на страната www.ebu.connect.lu,  со јасни упатства за пријава и упис кои се опишани ОВДЕ.

Рок за пријава е 13-ти мај,  а курсевите почнуваат од  30-ти мај  до  4-ти септември  (13 недели, 1 онлајн вебинар неделно).

Курсеви вклучени во Програмата за стипендии се: 

  • Стратешки менаџмент I&II
  • Деловен менаџмент I&II
  • Вовед во python
  • Плутус/Haskell
  • Жените во раководството
  • Англиски за почетници (A1)
  • Основни блокчејн технологии I&II
  • Јавни финансии о оданочување
  • Финансиски менаџмент
  • Финансиско известување
  • CPA програма (3 курса – вкупно 2 години).

Главна цел на оваа Програма за стипендии, која, освен Северна Македонија, се нуди и на други земји /стопанства на Западниот Балкан, на граѓаните на Африка, Азија и Латинска Америка, е, на студентите, кои кои тоа не можат да си го дозволат, да им обезбедат образование и академска извонредност на светски ниво. Програмата е присутна во 110 земји, а во последните два програма за стипендии учествувале дури 10.000 студенти!

Пријавете се веднаш и унапредете ја својата кариера!

За сите прашања контактирајте: admission.scholarship@ebu.lu

WordPress Appliance - Powered by TurnKey Linux