ПРИЈАВУВАЊЕ ДОКТОРСКИ СЕМИНАР ЗА 3 И 5 СЕМЕСТАР

ПРИЈАВУВАЊЕ ДОКТОРСКИ СЕМИНАР ЗА 3 И 5 СЕМЕСТАР

 

Се известуваат студентите запишани на докторски студии – трет циклус на студии дека пријавите со трудовите за докторски семинар за 3 и 5 семестар се доставуваат до 15 февруари 2018 година во Библиотеката на Правниот факултет „Јустинијан Прив“. Право на пријавување имаат студените кои имаат евидентирано 3 или 5 семестар во учебната 2017/2018 година и студентите кои имаат евидентирано соодветна учебна 2017/2018 година. При поднесувањето на пријавата и трудот задолително да се носи и индекс заради евиденција на пријавата.

 

APPLICATION FOR DOCTORAL SEMINAR FOR 3 AND 5 SEMESTER

Students enrolled in doctoral studies – third cycle of studies are informed that the reports with the papers for doctoral seminar for 3 and 5 semesters are to be submitted till February 15, 2018 in the Library of the Law Faculty “Justinijan Prvi”. The right to apply have the students who have registered 3 or 5 semesters in the academic year 2017/2018 and students who have registered the appropriate school year 2017/2018. When submitting the application and the paper, it is necessary to carry an index individually for the purpose of recording the application.

ЕЛЕКТРОНСКО ЗАПИШУВАЊЕ И ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИТЕ ОД ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ЗА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2017/2018

Почитувани Студенти,

Во прилог е упатството за ЕЛЕКТРОНСКО ЗАПИШУВАЊЕ И ПРИЈАВУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИТЕ ОД ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ЗА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2017/2018. Рокот е до 22.1.2018 година. ТУКА

Упис на Втор Циклус на студии во Втор уписен рок за учебната 2017/2018 година

Уписот  на Втор Циклус на студии во Втор уписен рок за учебната 2017/2018 година ќе се одвива од 8.1.2018 година до 22.1.2018 година.

Во прилог е упатството и соопштението за упис на Втор циклус на студии во Втор уписен рок. ТУКА

European Student Placement Agency UK

Почитувани Студенти,

 

European Student Placement Agency UK со задоволство ве поканува да ги погледнете можностите за волонтирање и практично учење во ИТ и Правниот сектор.

 

Во прилог се прикачени детални описи на работните позиции. Доколку познавате некој кој би бил заинтересиран споделете го со неа/него, или ако и вие сами сте заинтересирани за аплицирање ја имате нашата поддршка да го сторите тоа.

 

За да аплицирате за некое од практикантските места најавете се на Вебсајтот подолу и следете ги инструкциите. https://www.espauk.com/students/student-application/

 

ИТ :
1) Java Developer Internship (ALFJA2311)
2) Software Testing Internship_Validation and Verification (V&V) (PATVST2111)
3) Front End Developer Internship (ALFFE2111)
4) Database Development Internship (SAGDD1311)
5) Data Science Internship (PORDS2111)
Право :
1) Law Internship _ Legal department Internship for Polish speaker (RGILL2111)

Потседување, ЕСПА не наплаќа никави провизии или еднократни давачки за студентите на има патни трошоци и сместување кои се подмирени од ЕСПА за периодод за кој трае стажирањето.

Очекуваме да го посетите сајтот на ЕСПА и да ги контактирате ако ви се потребни било какви дополнителни информации.

 

СЕДМО ГОДИШНО ПРЕДАВАЊЕ ЗА АМЕРИКАНСКИОТ УСТАВ

На 30 ноември 2017 година /четврток/ предавање на тема „Четвртиот амандман на американскиот устав и еволуцијата на користењето на технологијата како доказ во САД“ ќе одржи Џон Мекнил, правен советник во амбасадата на САД. Џон Мекнил е поранешен помошник на јавниот обвинител на Масачусетс.

Предавањето ќе се одржи во амфитеатар 3 со почеток во 10 часот во рамки на редовните предавања по историја на правото кај проф. д-р Мишо Докмановиќ.

Настанот е организиран во соработка со Македонско – американската алумни асоцијација, амбасадата на САД и Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Свеченост за отворање Правна клиника за анти-корупција

Почитувани,

Задоволство ни е да Ве информираме дека Правниот факултет „Јустинијан Први“, во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, презеде напори за отворање на нова Правна клиника која ќе се бави со Анти-корупција. Се очекува дека Правната клиника за анти-корупциско право ќе започне со активна работа од идната академска година.

Во таа насока, на ден 27ми ноември 2017 година со почеток во 10:30 часот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ ќе се одржи Свеченост за промоција и отворање на Правната клиника за анти-корупциско право (во Стара сала за ННС).

Настанот ќе се одвива според следната агенда:

10:30 – 10:50
Поздравен говор
Проф. Горан Коевски, Декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“
Г. Алфредо Стриполи, Шеф на отсекот за владеење на правото, Мисија на ОБСЕ во Скопје
10:50 – 11:10
Презентација на Правната клиника
Проф. Борче Давитковски
Проф. Гордана Лажетиќ
Проф. Ана Павловска-Данева
11:10 – 12:00
Коктел

Ве молиме Вашето учество да го потврдите не подоцна од 24ти ноември 2017 година кај м-р Константин Битраков на следната адреса: pravnaklinika.antikorupcija@gmail.com

 

Учество на Правниот факултет „Јустинијан Први” во меѓународниот проект „Реструктурирање на друштвата и правото на ЕУ”

megjunaroden-proekt

Правниот Факултет „Јустинијан Првиво Скопје, учествува во реализацијата на Меѓународниот проект „Реструктурирање на друштвата и правото на ЕУ(Restructuring of Companies and the EU Law – RoCEU). Проектот е поддржан од страна на Австриската агенција за меѓународна соработка во областа на образованието и истражувањата (OAED – Austrian Agency for International Cooperation in Education and Research) и е составен дел од Програмата за кооперација во Високото Образование (The New Cooperation Programme for Higher Education – IMPULSЕ). Временската рамка на проектот е периодот 2016- 2018.

Главен координатор на Проектот е Универзитетот за економија и бизнис во Виена (Wirtschaftsuniversität Wien – WU), а учесници во проектот се Универзитетот „Св.Кирил и Методиј” – Скопје (преку Правниот факултет „Јустинијан Први” – Скопје) и Универзитетот во Београд (преку Правниот факултет во Београд).

Членови на RoCEU IMPULSE Проектот од Правниот Факултет „Јустинијан Први” се: проф.д-р Тодор Каламатиев (во својство на национален координатор и експерт по трудово право), проф.д-р Горан Коевски (член на проектот и експерт по право на друштва) и доц.д-р Александар Ристовски (член на проектот и експерт по трудово право).

RoCEU IMPULSE Проектот, содржи детална програма со активности кои вклучуваат: организација на меѓународни конференции (на кои учество земаат видни експерти во областите трудово право и право на друштвата, социјални партнери, претставници на пошироката академска заедница и слично), академски курсеви (наменети за студентите од соодветните правни области), можност за мобилност на научниот кадар (студиски престој на WU Универзитетот во Виена), набавка на стручна литература за унапредување на наставно-научниот процес и финална меѓународна конференција во Виена. Резултатите од спроведените истражувања ќе се објават во престижни меѓународни часописи.

 

Во рамките на Проектот, до сега, реализирани сé следните активности:

  • Почетна (kick-off) средба во WU Универзитетот во Виена (од 02-04 јуни, 2016 година)на која со свое присуство и дискусии учествуваа проф.д-р Тодор Каламатиев и доц.д-р Александар Ристовски
  • Меѓународна Конференција со наслов „Restructuring of Companies and Protection of Employees’ Rights: Views from the EU, Austria, Serbia and Маcedonia” и Macedonia” и Академски Курс наменет за студентите на Правниот факултет во Белград (кои се одржаа на Универзитетот во Белград, во периодот 02-04 март, 2017 година) – на кои со свое присуство, презентација и предавање учествуваа проф.д-р Тодор Каламатиев и доц.д-р Александар Ристовски
  • Меѓународна Конференција со наслов Restructuring of Companies and Their Consequences in Relation to Employees: Conditions, dilemmas and challenges in the laws of the EU, Austria, Macedonia and Serbia” и Академски Курс со наслов Restructuring of Companies and the EU Law: Key Labour Law and Company Law Aspects” наменет за студентите на Правниот Факултет „Јустинијан Први” (кои се одржаа на Правниот Факултет „Јустинијан Првиво Скопје, во периодот 06-08 ноември, 2017 година) – на кои со свое присуство, презентација и предавање учествуваа проф.д-р Тодор Каламатиев, проф.д-р Горан Коевски и доц.д-р Александар Ристовски.

Меѓународната Конференција, се состоеше од четири различни сесии, на кои, со своја презентација учествуваа различни говорници. Првите две сесии, беа посветени на проблематиката на „реструктурирањето”, анализирана низ призмата на трудовото право, додека вторите две сесии ја третираа истата проблематика од аспект на компаниското право. Покрај членовите на националните истражувачки тимови во RoCEU IMPULSE Проектот од WU Универзитетот во Виена, Универзитетот „Св. Кирил и Методиј (Правен Факултет „Јустинијан Први”), и Универзитетот во Белград, свое учество во својство на презентери на Конференцијата земаа и други професори од Правниот Факултет „Јустинијан Први”, претставници на социјалните партнери, судии, претставници од неколку компании и експерти од практиката.

Академскиот Курс, опфати повеќе предавања наменети за студентите од Правниот Факултет. Предавањата беа распоредени во три последователни дена и на нив, студентите можеа да се запознаат со клучните аспекти на правото на ЕУ во делот на „реструктурирањето на друштвата и последиците во однос на работниците” и хармонизацијата на трудовото право и правото на друштвата на Република Македонија и Република Србија со правото на ЕУ. На Академскиот Курс, присуствуваа вкупно 40 студенти од првиот, вториот и третиот циклус на студии на Правниот Факултет.