ПРАВО НА ОСИГУРУВАЊЕ И ОБЕЗБЕДУВАЊЕ ТРАНСАКЦИИ: ТЕРМИН ЗА ИСПИТ ВО ДОПОЛНИТЕЛНА СЕСИЈА

Се известуваат студентите дека испитот по право на осигурување и обезбедување на трансакции ќе се одржи на 28.06.2018 година, од 11:00 часот, во амф. 7. Студентите со себе задолжително да носат индекс.

Резултати вовед во право на ЕУ

„Оценките од испитот по Вовед во право на ЕУ одржан во јунска сесија ќе се внесуваат на 13.06 (среда) во 12 часот во кабинетот на доц. Ценевска (спроти Ораторски клуб). Увидот во тестовите ќе се врши во истиот термин.“

Резултатите можете да ги погледнете на следниов линк. ТУКА

Финансово право – резултати и термин за оцени

Почитувани студенти,

Во прилог се резултатите од завршниот испит по Финансово право, спроведен на 23.5 (Work&Travel), 28.5 и 6.6.2018.

Терминот за оцени и усно допрашување е вторник (12.6.2018 година) во 11 часот во амф.10. Во списокот се означени кои студенти имаат ЕДИНСТВЕНО право на усно одговарање.

Увид во тестовите може да се изврши во понеделник (11.6.2018) во 12:30 часот во амф.10.

Резултатите на следниов линк. ТУКА

МЕЃУНАРОДНО ПРИВАТНО ПРАВО – термин за полагање (јунска дополнителнителна сесија)

Почитувани студенти,

 

Квалификациониот колоквиум по меѓународно приватно право ќе се одржи на ден 27.06.2018 година во 09:30 часот. Завршниот испит ќе се одржи на ден 28.06.2018 година во 09:30 часот. 

 

Завршниот испит задолжително се пријавува преку Службата за студентски прашања најдоцна до 27.06.2018 година, со поднесување на пријава и доказ за платен надоместок од 1000 денари  согласно одлуката за спроведување на дополнителна јунска сесија. 

Глобален распоред за јунска (Дополнителна) испитна сесија и влезни колоквиуми

Во прилог распоредот за Јунска испитна сесија и влезни колоквиуми. Преглед ТУКА.

Распоредот дополнително ќе се  ажурира во зависнот од закажувањето на предметните професори.

Испитите се пријавуваат најдоцна еден ден пред полагање на предметите доколку нема дополнително соопштение.