Известување за практикантска работа

Согласно меморандумот за соработка со Нотарската комора на Репуплика Македонија. Ве известуваме дека сите заинтересирани студенти  за практикантска настава кај нотар Билјана Пецовска за подрачјето на основните судови на Град Скопје Бул. “Партизански одреди” бр.43 Б Скопје можат да се пријават на приложениот  Тел. за контакт или на маил.

Тел. за контакт:

3245-444

Маил:

notar@t.mk

Одлука за спроведување на дополнителна испитна сесија за студенти-апсолвенти на прв циклус на студии за учебната 2017/18 година

Во прилог е одлуката за спроведување на дополнителна испитна сесија за студенти-апсолвенти на прв циклус на студии за учебната 2017/18 година. ТУКА

Студентите апсолвенти кои што ќе полагаат во дополнителната февруарска испитна сесија ЗАДОЛЖИТЕЛНО треба испитот да го пријават во службата за студентски прашања кај одговорното лице Хамди Весели. При пријавување на испитот ЗАДОЛЖИТЕЛНО да се достави пополнета пријава и индекс.

Конечна ранг листа за Втор Циклус во Втор уписен рок за учебната 2017/2018 година

Конечна ранг-листа за упис на Втор циклус на студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје во втор уписен рок во учебната 2017/2018 година е објавена на огласната табла на Факулетот и може да се види ТУКА.

Рангираните кандидати кои што не се запишале ЗАДОЛЖИТЕЛНО во најкус можен рок да се запишат во службата за студентски прашања.

ИЗВЕСТУВАЊЕ ДО СТУДЕНТИТЕ НА ДОДИПЛОМСКИ СТУДИИ ЗА ТЕРМИНИ ЗА ЗАВЕРУВАЊЕ И УПИС НА СЕМЕСТАР ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА

29.01.2018 година и 05.02.2018 година, заверување и запишување на семестар можат да извршат само студентите кои се запишани во I (прва) година.

 

30.01.2018 година и 02.02.2018 година, заверување и запишување на семестар можат да извршат само студентите кои се запишани во I I (втора) година.

 

31.01.2018 година и 06.02.2018 година, заверување и запишување на семестар можат да извршат само студентите кои се запишани во I I I (трета) година.

 

ПОЧИТУВАЊЕ НА ТЕРМИНИТЕ ЗА УПИС НА СЕМЕСТАР Е ЗАДОЛЖИТЕЛНО!

 

ЗАПИШУВАЊЕ ИЛИ ЗАВЕРКА НА СЕМЕСТАР ПО РОКОТ Е СО АДМИНИСТРАТИВЕН УПИС СО УПЛАТА ОД 500,00 ДЕНАРИ.

Регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска Ефикасност(ORF-EE) организира Летна школа 2018

Отворениот регионален фонд за Југоисточна Европа – Енергетска Ефикасност (ORF-EE), имплементиран од страна на Германското друштво за интернационална соработка (GIZ), заедно со Енергетската Заедница од Виена, организираат Летна школа 2018. Летната школа ќе се одржи во Сплит, Хрватска, во периодот помеѓу 25-ти август и 1-ви септември 2018 година, а Факултетот за електротехника, машинство и поморска архитектура од Сплит (https://eng.fesb.unist.hr/) е домаќин оваа година.

Школата е наменета за студентите на магистерски или докторски студии, младитe екперти, истражувачи, невладиниот сектор, вработените во јавните институции итн. кои доаѓаат од Европа и пошироко. Тема на школата ќе биде енергија и други релевантни под-теми кои се поврзани со енергијата како главна тема. Предавачи на програмата ќе бидат реномирани високо квалификувани експерти од Европската Унија и регионот. Сите информации и материјали за Летната школа  можете да ги најдете на следнот линк:

 

https://www.energy-community.org/aboutus/summer-school.html

 

Организаторот ги покрива трошоците за учество на летната школа и сместувањето.

 

Краен рок за аплицирање е 31.03.2018.

Дополнителни информации поврзани со годинешната школа, како напатствија за аплицирање, можете да најдете на следниот линк:

 

https://energy-community.org/aboutus/summer-school/2018.html

 

Имајте во предвид дека се охрабруваат сите девојки/жени да аплицираат за учество на програмата.