Свечено доделување на 164 дипломи на магистри од повеќе области

На Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“, денес, 24 декември 2018 година, во свечениот амфитетар на Факултетот, свечено беа доделени 164 дипломи на магистри од областа казнено право, право на интелектуална сопственост, административно право и јавна администрација, граѓанско материјално право и граѓанско процесно право, меѓународно право и меѓународни односи и право на ЕУ, политички студии – дипломатија и меѓународни односи, применета политика, европски институции и политики, односи со јавност, деловно право, корпоративно право, финансии и финансово право и уставно право.

На свеченоста, магистрите ги поздрави деканот на Првниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, проф. д-р Горан Коевски кој заедно со раководителите на студиите им ги врачија дипломите на магистрите.

City Internships

City Internships

Our Global Accelerator Programs in Paris, Boston, Chicago and San Francisco are filling very quickly, and I anticipate there will be no places remaining after the New Year. As such, I would like to take the opportunity to ask interested students to apply sooner rather than later.

Students can of course continue applying to our other larger and longer-running Program locations; which are New York, Los Angeles, London, Miami and Washington D.C.

For a short reminder of what we do: our Programs are open to students from any year and with any major, and they may choose a placement in one of 9 career fields: Banking & Financial services; Consulting & Professional services; Law & Politics; Technology & Engineering; Marketing, Advertising & PR; Media, Entertainment & Journalism; Art, Fashion & Design; Start-ups & Entrepreneurship; Charities, NFPs & NGOs.

Students may be directed to apply now at: https://city-internships.com/apply

For those who wish to review our Prospectus which explains our Programs and offering, you may find it here and also a printable Noticeboard Flyer is available here.

Lewis Talbot
Founder & CEO, City Internships
www.city-internships.com

Листа на предмети од државната матура соодветни за пријавување за запишување на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Листа на екстерни предмети и интерен предмет од државната матура соодветни за пријавување
за запишување на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје за
кандидатите што полагале државна матура од учебната 2013/2014 до учебната 2018/2019 година

 

Повеќе информации на следниот ЛИНК

ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА ПРИЈАВУВАЊЕ И РАСПОРЕД НА ИСПИТИ ЗА ПРВА ИСПИТНА СЕСИЈА

Известување за прва испитна сесија Јануари – Фавруари 2019 – ЗА СТУДЕНТИ – (Симни известување)

Распоред за испити прв циклус ПОЛИТИЧКИ СТУДИИ Јануари 2019 – (Симни распоред)

Распоред за испити прв циклус ПРАВНИ СТУДИИ Јануари-Февруари 2019 – (Симни распоред)

Распоред за испити прв циклус НОВИНАРСТВО И ОДНОСИ СО ЈАВНОСТ Јануари 2019 – (Симни распоред)

Распоред за испити прв циклус ПОПРАВЕН КОЛОКВИУМ Јануари 2019 – (Симни распоред)

Распоред за испити ВТОР ЦИКЛУС Јануари 2019 – (Симни распоред)

С О О П Ш Т Е Н И Е за одбрана на докторска дисертација

С О О П Ш Т Е Н И Е 

Правниот факултет „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ во Скопје, соопштува дека на ден 26.12.2018 година (среда) во 13 часот, кандидатката М-р Анета Арнаудовска ќе ја брани својата докторска дисертација на тема:

,, Влијание на правната аргументација врз квалитетот на кривичните пресуди во Република Македонија

Одбраната ќе се одржи во салата за состаноци на Правниот факултет „Јустинијан први“ – Скопје, Бул. „Гоце Делчев“9б – Скопје (сала за ННС под деканат)

Од Правниот факултет

ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ Скопје

 

 

 

Втор уписен рок за студенти на втор циклус студии

Согласно  Конкурсот за запишување студенти на втор циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје во учебната 2018/2019 година, на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, објавени се Слободните места за запишување студенти во вториот уписен рок кој ќе се реализира во периодот од 8 јануари до 22 февруари 2019 година.

Повеќе информации на следниот ЛИНК:

Проф. д-р Каролина Ристова Астеруд и доц. д-р Христина Рунчева-Тасев „Научно истражувачка етика

„Проф. д-р Каролина Ристова Астеруд и доц. д-р Христина Рунчева-Тасев „Научно истражувачка етика“ дел 70% прв термин 21 февруари (Четврток) во 16:30 часот Стара сала  за ННС на Правен факултет „Јустинијан Први““

ДОГОВОРНО ПРАВО: ТЕРМИНИ ЗА ПОСЕТА НА ГРАЃАНСКИ СУДЕЊА (СТАТУС 26.11.2018)

Во прилог се дадени термините за посета на граѓански судења пред Основниот суд Скопје 2 Скопје, за студентите кои ја слушаат предметната програма договорно право, како задолжителна, на насоката за граѓанско материјално право и граѓанско процесно право. Притоа, на списокот се наоѓаат и студенти кои се запишани во IX-тиот семестар. Следењето судења, за овие студенти, се однесува единствено доколку ја слушаат студиската програма договорно право како задолжителна, а инаку е опционо. Термините и распоредот по групи се фиксни и не подлежат на промени, од причина што составот на групите е најавен на Судската полиција. Студентите се должни со себе да носат индекс и документ за лична идентификација. Исто така, студентите кои посетуваат судења се должни да се најават во Судот десет минути пред соодветниот термин на рочиштето.
Н. Гавриловиќ

microsoft-word Превземете  ТУКА

ДОГОВОРНО ПРАВО: ТЕМИ ЗА НИР И ЗА АКТИВНОСТ (СТАТУС 26.11.2018)

Во прилог се дадени темите за научно-истражувачи работи и за активност за студентите кои ја слушаат предметната програма договорно право, како задолжителна, на насоката за граѓанско материјално право и граѓанско процесно право. Рокот за предавање на изработените теми е денот на полагање на завршниот тест. Студентите кои не земале теми, истото можат да ги направат со праќање на електронска пошта до проф. д-р Ненад Гавриловиќ на neno.gavrilovic@gmail.com, со наведување на име и презиме и број на индекс, или пак за време на наставата. Дополнителни насоки за изработка на темите ќе бидат дадени на наставата во рамките на четвртата недела.
Н. Гавриловиќ

microsoft-word Превземете ТУКА