ДОГОВОРНО ПРАВО: ТЕРМИНИ ЗА ПОСЕТА НА ГРАЃАНСКИ СУДЕЊА

Во прилог се дадени термините за посета на граѓански судења пред Основниот суд Скопје 2 Скопје, за студентите кои што ја слушаат студиската програма договорно право, како задолжителна, на насоката за граѓанско материјално право и граѓанско процесно право. Притоа, на списокот се наоѓаат и студенти кои што се запишани во IX-тиот семестар. Следењето судења, за овие студенти, се однесува единствено доколку ја слушаат студиската програма договорно право како задолжителна, а инаку е опционо. Термините и распоредот по групи се фиксни и не подлежат на промени, од причина што составот на групите е најавен на Судската полиција. Студентите се должни со себе да носат индекс и документ за лична идентификација. Исто така, студентите кои што посетуваат судења се должни да се најават во Судот десет минути пред соодветниот термин на рочиштето.

Термините за посета на граѓански судења пред Основниот суд Скопје 2 Скопје. ТУКА

Н. Гавриловиќ

ДОГОВОРНО ПРАВО: ПРАКТИЧНА НАСТАВА

Се известуваат студентите дека во рамките на студиската програма договорно право, што се слуша како задолжителна од седми семестар на насоката по граѓанско материјално право и граѓанско процесно право, покрај редовната настава ќе се организира и практична настава. Практичната настава ќе се одвива преку посета на граѓански судења во Основниот суд Скопје 2 Скопје. Од тие причини, во прилог е даден список на студенти, согласно расположливите податоци доставени од Студентската администрација. Доколку некои студенти не се наоѓаат на списокот во прилог, се молат да се пријават кај проф. д-р Ненад Гавриловиќ со испраќање на име и презиме и бр. на индекс на neno.gavrilovic@gmail.com, најдоцна до 22.11.2017 година (10:00 часот). По изминувањето на овој термин ќе бидат објавени датумите и составот на групите за посета на судења.

Во прилог е списокот на студенти по насоката по граѓанско материјално право и граѓанско процесно право. ТУКА

Н. Гавриловиќ

Резултати од испитите по предметите Корпроативна инсолвентснотс, Меѓународно трговско право и Трговско право применета програма одржани на 10.11.2017 година

Во прилог се резултати од испитите по предметите корпроативна инсолвентснотс, меѓународно трговско право и трговско право применета програма одржани на 10.11.2017 година. ТУКА

Испитот по Казнено право Втор Циклус на студии во дополнителната сесија кај проф. д-р Никола Тупанчески и проф. д-р Александра Деаноска

Испитот по Казнено право Втор циклус на студии во дополнителната сесија кај проф. д-р Никола Тупанчески и проф. д-р Александра Деаноска, ќе се одржи на 9.11.2017 година (четврток) во 12 часот.

Испит по Административно право Втор Циклус на студии

Испитот по предметот Втор Циклус на студии Административно право ќе се одржи на 9.11.2017 година во 9:00 во АМФ.3

Пријавувањето на испитот Втор циклус на студии Административно право ќе се одржи во понеделник 6.11.2017 година од 11:00 до 12:00 кабинет бр.13. Да се донесат пријава, уплатница и извод од досие

Термин за завршен испит кај Ј. ДАБОВИЌ, Н. ГАВРИЛОВИЌ и Н. ЗДРАВЕВА за втор циклус на студии

Се известуваат студентите дека завршните испити по следните студиски програми: Договорно право, Право на интелектуална сопственост, Отштетно право, Конкурентско право, Потрошувачко право, Интернет право, Договори на автономната трговска практика, Introduction to IP, Copyright and Related Rights, Competition & Antitrust ќе се одржат на 09.11.2017 година, со почеток од 10:00 часот, во амфитеатар 4.

Студентите со себе задолжително да носат индекс, уредно пополнета пријава за испит, доказ за уредена обврска за административна такса, како и доказ за уредена обврска за полагање во казнена сесија. Доколку има поклопување на полагање на повеќе студиски програми во ист термин, во однос на изборните и опционите предмети, дополнителни термини ќе бидат договорени во закажаниот термин.