Правен факултет „Јустинијан Први“ - Скопје

Привремена веб страна за соопштенија

Планинарска тура

Се известуваат студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје дека на ден 27.10.2017 година (петок), ќе се одржи спортско-рекреативен и забавен ден, 32. есенска студентска планинарска тура „Водно 2017 година“. Традиционално, покровител на Планинарската тура е ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Оваа спортска активност се одржува по повод „13 Ноември“- Денот на ослободувањето на град Скопје.

Студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје на ден 27.10.2017 година, се ослободуваат од редовните обврски на факултетот, за да земат учество на планинарската тура Водно 2017 година.

Студентите од прва година задолжително треба да го понесат својот индекс. Почетокот на планинарската тура „Водно 2017 година“ е во 10 часот на платото пред хотелот на „Средно Водно“.

СООПШТЕНИЕ ЗА УПИС НА НОВИ СТУДЕНТИ НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА НА

ВО ПРИЛОГ СЕ ДОКУМЕНТИТЕ ЗА УПИС НА ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ВО УЧЕБНАТА 2017/2018 ГОДИНА. КЛИКНИ ТУКА.

УПИСИТЕ СЕ НА 16.10.2017(ПОНЕДЕЛНИК) И 17.10.2017 ГОДИНА(ВТОРНИК) ОД 8:30 ДО 16:00 ЧАСОТ НА СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ

Прелиминарна ранг-листа за упис на Втор Циклус на студии во учебната 2017/2018 година

Конкурсната комисија за упис на студенти на втор циклус на студии во учебната 2017/18 година на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје ги објави прелиминарните ранг-листи за упис на сите мастери.

Во прилог се ранг листите за Втор Циклус. Кликнете ТУКА.

Забелешка - на денот на уписите од страна на административните службеници во службата за студентски прашања кандидатите ќе бидат известени за упис во 7 или 9 семестар во учебната 2017/2018 година, согласно доставените записници од колегиумите на мастер студиите на Правниот факултет „Јустинијан Први“-Скопје.

Комисија

  • Доц. д-р Ирена Рајчиновска Пандева (продекан) - претседател
  • Проф. д-р Ана Павловска Данева
  • Проф. д-р Мелина Гризо
  • Проф. д-р Ангел Ристов
  • Доц. д-р Дивна Илиќ Димоски
  • Доц. д-р Биљана Петревска
  • Доц. д-р Илина Ценевска

Распоред за испити во продолжена септемвриска сесија

Во прилог e распоред за испити во продолжена септемвриска сесија кој постојано се ажурира во зависност од закажувањето на професорите.ТУКА.

Започна пријавувањето за доделување стипендии од Еуролинк за студентите од Правниот факултет „Јустинијан Први“ - Скопје.

Почитувани студенти,

Еуролинк осигурување, четвртта година по ред го објавува огласот за стипендирање на студенти од Правен факултет ,, Јустинијан Први’’ – Скопје.

Еуролинк осигурување донесе одлука да се продолжи рокот на аплицирање за доделување на Еуролинк стипендија. Сакаме да ве известиме дека новиот рок за пријавување и поднесување на потребната документација за доделување на Еуролинк стипендија е 10.10.2017 година (вторник ). Стипендиската програма е наменета за 25 студенти на додипломски студии и за 10 студенти на постдипломските студии.

Кандидатите треба да ги достават документите во печатена форма до: Проф.д-р Неда Здравева, одбор за доделување на ,, Еуролинк стипендија ‘’Правен факултет ,, Јустинијан Први’’, Бул: Гоце Делчев, бр. 9Б, 1000 Скопје, во архивата на факултетот и во електронска форма на е-адресата: eurolinkstipendija@eurolink.com.mk.

,, Еуролинк стипендијата’’ е дел од корпоративната платформа за општествена одговорност ,, Еуролинк - Вашата врска со вистинските вредности’’.

Во прилог се условите за доделување на стипендии.ТУКА.

Во прилог е образецот за пријавен лист.ТУКА.

Распоред за полагање на влезни колоквиуми и компјутерско полагање на испити од продолжена септемвриска сесија.

Во прилог е распоредот за полагање на влезни колоквиуми.ТУКА.