Упис на прв циклус на студии

Запишувањето на студенти на прв циклус на студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје во учебната 2017/2018 година се врши согласно конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.  Со Конкурсот се уредени условите и критериумите за запишување, вклучително и лисите на предмети од државната матура соодветни за пријавување за запишување на студиските програми, селекцијата на кандидатите, запишувањето на кандидатите, документите кои што се потребни за пријавување и запишување и др.

На прв циклус на различните видови студии факултетот  може да се запишат

Студиска програма (6 семестари)

Редовни во државна квота

Износ на надоместок (во евра)

Редовни со кофинансирање

Износ на ко- финансирање (во евра)

Вонредни

Износ на ко- финансирање за вонредни студенти (во евра)

Вкупен број на студенти

Правни студии

Политички студии (македонски јазик)

Политички студии (англиски јазик)

Студии по новинарство

Студии по односи со јавноста

Уписите ќе се одвиваат според следниот календар

Настан

Прв уписен рок

Втор уписен рок

Трет уписен рок

Пријавување на кандидатите

Објавување резултати од успехот од средно образование
(прелиминарна ранг-листа)

Објавување решение за прием на кандидатите
(конечна ранг-листа)

Запишување на кандидатите

Пред пријавувањето во роковите утврдени со конкурсот, секој заинтересиран кандидат треба да се регистрира на www.upisi.ukim.mk и да ја пополни електронската пријава од iKnow-системот. Бројот кој што кандидатот автоматски го добил од системот за електронското пријавување треба да се внесе и во пријавата што се поднесува при пријавувањето за запишување.