Режим на студирање

Врз основа на актите на Универзитетот и на Факултетот, студирањето согласно со ЕKТС на правните, политичките, студиите по новинарство и односи со јавност на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје се остварува на следниот начин:          

Студиската година почнува на 15 септември, а завршува на 14 септември следната година и се дели на два семестра, зимски и летен.

  • Наставата во зимскиот семестар се одвива по правило од 15 септември до 31 декември.
  • Наставата во летниот семестар се одвива по правило од 1 февруари до 15 мај.

ПРООДНОСТ ПО СЕМЕСТРИ

Студентите го запишуваат зим­ски­от семестар во септември, по правило, од 15 до 25 септември, а летниот семестар во фе­вру­а­ри, по правило, од 5 до 15  февруари. Термините за упис и заверка на семестари, како и потребните документи се објавуваат за секој семестар (Уписи -> Уписи и заверка на семестар).

Напредокот во текот на студиите се остварува со запишување на нов семестар врз основа на бројот на стекнатите кредити, кои ги носат одделните предметни програми.

  1. ПРВ ЦИКЛУС НА СТУДИИ
  • ПРАВНИ СТУДИИ

На прв циклус правни студии, студентот може да запише нови предметни програми од следниот семестар според следниот критериум:

  • од I семестар во II семестар доколку стекне минимум 14 кредити од I семестар;
  • од II семестар во III семестар доколку стекне минимум 14 кредити од II семестар;
  • од III семестар во IV семестар доколку стекне минимум 14 кредити од III семестар;
  • од IV семестар во V семестар доколку стекне минимум 14 кредити од IV семестар;
  • од V семестар во VI семестар доколку стекне минимум 14 кредити од V семестар.

При ова треба да се има предвид дека, студентот на правните студии не ќе може да ги полага предметните програми од процесно-правните дисциплини пред да ги положи предметните програми од материјалното право и тоа: за да се полага казнено процесно право треба да е положен предметот казнено право; за да се полага граѓанско процесно право треба претходно да се положени: општ дел на граѓанско право, стварно право, облигационо право, семејно право и наследно право.

  • ПОЛИТИЧКИ СТУДИИ

На прв циклус политички студии, на македонски и на англиски јазик, студентот може да запише нови предметни програми од следниот семестар според следниот критериум:

  • од I семестар во II семестар доколку стекне минимум 14 кредити од I семестар;
  • од II семестар во III семестар доколку стекне минимум 14 кредити од II семестар;
  • од III семестар во IV семестар доколку стекне минимум 14 кредити од III семестар;
  • од IV семестар во V семестар доколку стекне минимум 14 кредити од IV семестар;
  • од V семестар во VI семестар доколку стекне минимум 14 кредити од V семестар
  • СТУДИИ ПО НОВИНАРСТВО

На  прв циклус студии по новинарство студентот може да запише нови предметни програми од следниот семестар според следниот критериум:

  • од I семестар во II семестар доколку стекне минимум 12 кредити од I семестар;
  • од II семестар во III семестар доколку стекне минимум 12 кредити од II семестар;
  • од III семестар во IV семестар доколку стекне минимум 12 кредити од III семестар;
  • од IV семестар во V семестар доколку стекне минимум 12 кредити од IV семестар;
  • од V семестар во VI семестар доколку стекне минимум 12 кредити од V семестар
  • СТУДИИ ПО ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

На прв циклус на студиите по односи со јавноста студентот може да запише нови предметни програми од следниот семестар според следниот критериум:

  • од I семестар во II семестар доколку стекне минимум 12 кредити од I семестар;
  • од II семестар во III семестар доколку стекне минимум 12 кредити од II семестар;
  • од III семестар во IV семестар доколку стекне минимум 12 кредити од III семестар;
  • од IV семестар во V семестар доколку стекне минимум 12 кредити од IV семестар;
  • од V семестар во VI семестар доколку стекне минимум 12 кредити од V семестар.

 

  1. ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ
  • ПРАВНИ СТУДИИ

На втор циклус правни студии кои што траат по две години или вкупно студирање од пет години за прв и за втор циклус, за секоја од насоките, студентот може да запише нови предметни програми од следниот семестар според следниот критериум:

  • од VII семестар во VIII семестар доколку стекне минимум 16 кредити од VII семестар;
  • од VIII семестар во IX семестар доколку стекне минимум 14 кредити од VIII семестар;
  • од IX семестар во X семестар доколку стекне вкупно 270 кредити.
  • ПОЛИТИЧКИ СТУДИИ

На втор циклус едногодишни политички студии, на македонски и на англиски јазик, односно вкупно траење на студиите од четири години, студентот може да запише нови предметни програми од следниот семестар според следниот критериум:

  • од VII семестар во VIII семестар доколку стекне минимум 14 кредити од VII семестар;
  • од VIII семестар во IX семестар доколку стекне минимум 14 кредити од VIII семестар.

На втор циклус двогодишни студии политички студии, на македонски и на англиски јазик, односно вкупно траење на студиите од пет години, студентот може да запише нови предметни програми од следниот семестар според следниот критериум:

  • од IX семестар во X семестар доколку стекне минимум 14 кредити од IX семестар.

Услов за пријавување на магистерски труд е доколку студентот стекне вкупно 285 кредити

  • СТУДИИ ПО НОВИНАРСТВО

На втор циклус едногодишни студии по новинарство, односно вкупно траење на студиите од четири години, студентот може да запише нови предметни програми од следниот семестар според следниот критериум:

  • од VII семестар во VIII семестар доколку стекне минимум 12 кредити од VII семестар;
  • од VIII семестар во IX семестар доколку стекне минимум 12 кредити од VIII семестар.

На втор циклус двогодишни студии по новинарство, односно вкупно траење на студиите од пет години, студентот може да запише нови предметни програми од следниот семестар според следниот критериум:

  • од IX семестар во X семестар доколку стекне минимум 14 кредити од IX семестар.

Услов за пријавување на магистерски труд е доколку студентот стекне вкупно 285 кредити.

  • СТУДИИ ПО ОДНОСИ СО ЈАВНОСТА

На втор циклус едногодишни студии по односи со јавноста, односно вкупно траење на студиите од четири години, студентот може да запише нови предметни програми од следниот семестар според следниот критериум:

  • од VII семестар во VIII семестар доколку стекне минимум 12 кредити од VII семестар;
  • од VIII семестар во IX семестар доколку стекне минимум 12 кредити од VIII семестар.

На втор циклус двогодишни студии по односи со јавност, односно вкупно траење на студиите од пет години, студентот може да запише нови предметни програми од следниот семестар според следниот критериум:

  • од IX семестар во X семестар доколку стекне минимум 14 кредити од IX семестар.

Услов за пријавување на магистерски труд е доколку студентот стекне вкупно 285 кредити.

АНГАЖИРАНОСТ НА СТУДЕНТИТЕ

Студиската година, започнува на 15 септември, а завршува на 14 септември следната година и се реализира во два семестра, зимски и летен.

Ан­га­жи­ра­но­ста на студентот во те­кот на семестарот изнесува 19 седмици. Пре­да­ва­ња­та и другите на­став­ни активности се изведуваат во рам­ки­те на семестрите – по правило во 12 сед­ми­ци, додека за подготовка за оценување и за оценување се предвидени 7 седмици. Присуството на настава за редовните студенти е задолжително. Имено, условот за полагање испит за определена предметна програма е студентот да посетувал најмалку 51% од наставата.

Во зимскиот семестар студентот по правило е ангажиран од 15 септември до 14 февруари, а во летниот семестар студентот по правило е ангажиран од 15 февруари до 10 јули.

Колоквиумските седмици во зимскиот семестар по правило се во текот на месец ноември и месец јануари, а колоквиумските седмици во летниот семестар по правило се во текот на месец април и месец јуни.

Наставните и вон-наставните активности во зимскиот и летниот семестар се определуваат со глобалниот распоред на активности за секоја година. Предавањата се спроведуваат според распоред на предавања, а пред одржувањето на испитните сесии се подготвува и објавува распоред за полагање.