Деловно право – двегодишни студии

Во осмиот (VIII) семестар студентот треба да избере еден од понудените два модула: Модул А – Деловно право или Модул Б – Трудово право. Во секој модул има два задолжителни предмети кои студентот има обврска да ги полага, додека од изборните предмети од модулот студентот треба да избере уште три предмети. Во деветиот (IX) семестар студентот треба да избере четири опциони предмети од листата на опциони предмети по сопствен избор, за да се стекне со вкупно 90 кредити. Останатите 30 кредити студентот ги стекнува во 10-от семестар, со изработка на магистерски труд.