Казнено право – двегодишни студии

Во осмиот семестар студентот треба да избере еден од понудените два модула: Модул А – Казнено материјално право или Модул Б – Казнено процесно право. Во секој модул се изучуваат вкупно пет предмета. Студентот кој го избрал Модулот А – Казнено материјално право во осмиот сместар има два задолжителни предмети: Судско право и Казнено материјално право – применета програма и два изборни предмети за модулот и тоа: Економско казнено право и Пенологија, додека доколку студентот го избрал модулот Б – Казнено процесно право има два задолжителни предмети: Судско право и Казнено процесно право – применета програма и два изборни предмети за модулот и тоа: Криминалистика и Компаративно казнено процесно право.  Во деветтиот семестар студентот, покрај преостанатите два предмети од модулот што го избрал,  треба да избере уште три опциони предмети од заедничката листа на опциони предмети, за да се стекне со вкупно 90 кредити. Останатите 30 кредити студентот ги стекнува во 10-от семестар, со изработка на магистерски труд.