МЈП, МПП, Меѓународни односи и Право на ЕУ – двегодишни студии

Студентот во 8-ми семестар избира една насока во која подоцна ќе го изработува магистерскиот труд. Студентот кој во 8-ми семестар ја избрал насоката Меѓународно приватно право, во 9-ти семестар полага предмети само од насоката Меѓународно приватно право. Студентот кој во 8-ми семестар ја избрал насоката Меѓународно јавно право, во 9-ти семестар може да избира алтернативно: да полага предмети од еден целосен модул од насоката Меѓународно јавно право или да полага вкупно четири предмети од било кој од модулите од насоката Меѓународно јавно право. Студентот кој во 8-ми семестар ја избрал насоката Право на Европска Унија, во 9-ти семестар полага вкупно четири предмети, односно покрај предметите од насоката Право на Европска Унија, може да избере најмногу до два предмети од предметите понудени во насоката Меѓународно јавно право. Со завршување на 9-ти семестар, студентот стекнува 90 кредити. Останатите 30 кредити студентот ги стекнува во 10-от семестар, со изработка на магистерски труд.