Римско право и приватноправна традиција -двегодишни студии

Студентот во осмиот семестар избира еден од модулите Модул А или Модул Б и покрај задолжителните предмети од седмиот семестар, ги полага предметите (задолжителни и изборни) предвидени за осмиот семестар. Во деветтиот семестар студентот треба да ги полага предметите предвидени за деветтиот семестар од модулот кој што го избрал, како и да избере уште три опциони предмети од заедничката листа на опциони предмети, за да се стекне со вкупно 90 кредити. Останатите 30 кредити студентот ги стекнува во 10-от семестар, со изработка на магистерски труд.