СООПШТЕНИЕ ЗА ЕЛЕКТРОНСКО ЗАПИШУВАЊЕ ПРЕДМЕТИ ВО IKNOW СИСТЕМОТ ЗА ЗИМСКИ СЕМЕСТАР ВО УЧЕБНАТА 2020/2021 ГОДИНА

Студентите ЗАДОЛЖИТЕЛНО да запишат семестар и предмети во iKnow системот во периодот 22 сепрмври-16 октомри 2020 година, при што семестарот и предметите ги запишуваат електронски, а потоа ги доставуваат потребните документи во службата за студентски прашања.

—————————————————-

Студентите ЗАДОЛЖИТЕЛНО прво да ги презапишат предметите кои не ги положиле од претходните зимски семестри, а потоа да ги запишат предметите од тековниот зимски семестар.

—————————————————-

Студентите ЗАДОЛЖИТЕЛНО да ги запишат предметите што ќе ги слушаат во зимскиот семестар во 2020/21 година(вклучително и изборните предмети) и предметите што НЕ ГИ ПОЛОЖИЛЕ од претходниот летен семестар 2019/20 година во А3 ОБРАЗЕЦОТ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА СЕМЕСТАР.

——————————————————

Студентите бруцоши односно ПРВА година – не запишуваат семестар и предмети во iKnow системот.

—————————————————-

ТРЕТА ГОДИНА

Студентите од трета година од постари генерации од 2014/15,2015/16, 2016/17 и постари генерации не запишуваат електронски во iknow системот.
——————————————————-

После рокот на запишување семестар и предмети, не е дозволено запишување на предмети.

Во прилог е линк од студиите.

https://pf.ukim.edu.mk/правни-студии/

https://pf.ukim.edu.mk/politichki-studii/

https://pf.ukim.edu.mk/studii-po-novinarstvo/

https://pf.ukim.edu.mk/odnosi-so-javnost/

——————————————-

Во ПРИЛОГ ви е даден прирачникот за работа со iknow системот(запишување на семестар и предмети).

Доколку имате технички проблеми, обратете се на мејлот: ikt@pf.ukim.edu.mk