ЕЛЕКТРОНСКО ПРИЈАВУВАЊЕ НА ИСПИТИ ВО ЗИМСКИ ИСПИТЕН РОК И ДОПОЛНИТЕЛЕН ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ ВО ЗИМСКИ ИСПИТЕН РОК ЗА ПРВ И ВТОР ЦИКЛУС НА СТУДИИ ЗА УЧЕБНАТА 2021-2022

  1. ПРИЈАВУВАЊЕ ВО
    ЗИМСКИ ИСПИТЕН РОК

Пријавување испити на прв и втор циклус студии во зимскиот испитен рок ќе се врши електронски, со користење на iKnow системот, во периодот од

15.12.2021 до 25.12.2021 година,

следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.

Распоредот можете да го преземете на  следниов ЛИНК.

  1. ПРИЈАВУВАЊЕ ВО
    ДОПОЛНИТЕЛЕН ТЕРМИН ЗА ПОЛАГАЊЕ ВО ЗИМСКИ ИСПИТЕН РОК

Пријавување испити на прв и втор циклус студии во дополнителниот термин за полагање во зимскиот испитен рок ќе се врши електронски со користење на iKnow системот И физички во службата за студентски прашања, во периодот од

 31.01.2022 до 03.2.2022

Начин и постапка на пријавување во дополнителен термин за полагање во зимски испитен рок:

  1. ЕЛЕКТРОНСКИ
  • Студентите пријавуваат во iKnow системот од 31.01.2022(понеделник) до 03.2.2022(четврток), следејќи го Корисничкото упатство за студенти за менување на пасворд, логирање и пријавување на испити.
  1. ФИЗИЧКИ ВО СЛУЖБАТА ЗА СТУДЕНТСКИ ПРАШАЊА
  • По електронското пријавување, студентите физички ги доставуваат пријавите за полагање во службата за студентски прашања од 31.01.2022(понеделник) до 03.2.2022(четврток), така што бројот од електронската пријава(се отчитува од iKnow системот) задолжително се запишува на хартиената пријава, што физички се доставува во службата за студентски прашања.

НАПОМЕНА: Покрај доставуањето пријава во службата за студентски прашања, студентите ја доставуаат и уплатницата за дополнителниот термин за полагање во есенскиот испитен рок.

Распоредот можете да го преземете на  следниов ЛИНК.