Уставно право – двегодишни студии

Студентот во осмиот семестар избира еден од модулите Модул А или Модул Б и ги полага предметите предвидени за осмиот семестар, односно еден предмет од модулот кој што носи 8 кредити и четири предмети од модулот кои што носат по 6 кредити. Во деветтиот семестар студентот треба да избере уште три опциони предмети од листата на опциони предмети, за да се стекне со вкупно 90 кредити. Останатите 30 кредити студентот ги стекнува во 10-от семестар, со изработка на магистерски труд.