Финансово право – двегодишни студии

Студентот покрај задолжителните предмети од седмиот семестар, во осмиот семестар го полага задолжителниот предмет предвиден за осмиот семестар и избира три изборни предмети кои што носат по 8 кредити. Во деветтиот семестар студентот го полага предметот Финансово право-практична настава кој што носи 15 кредити и избира уште еден предмет од опционите предмети кои што носат по 6 кредити, за да се стекне со вкупно 90 кредити. Останатите 30 кредити студентот ги стекнува во 10-от семестар, со изработка на магистерски труд.