Outgoing Exchange Students (домашни студенти)
Студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, УКИМ
Добродојдовте на интернет-страната на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје посветена на студентската размена. Како студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје можете да ја користите програмата на ЕРАЗМУС+ и еден семестар од студирањето да го поминете во странство.
Пред да го започнете процесот на аплицирање, запознајте се со основните информации во врска со програмата и чекорите за аплицирање.
Лице за контакт: проф. д-р Вангел Доковски, Еразмус+ координатор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, УКИМ, e-mail: v.dokovski@pf.ukim.edu.mk
ВАЖНА НАПОМЕНА: ВАЖНА НАПОМЕНА: ДОКУМЕНТИ ЗА ЕРАЗМУС + ПРОГРАМАТА ВО СТУДИСКАТА 2024/2025 ГОДИНА СЕ ПОДНЕСУВААТ ЛИЧНО ВО ТРИ ПРИМЕРОКА ДО ЕРАЗМУС+ КООРДИНАТОРОТ НАЈДОЦНА ДО 4 ОКТОМВРИ 2024 ГОДИНА
ЕРАЗМУС+ Конкурсот се објавува на интернет страната на УКИМ и на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.
ИНФОРМАЦИИ ЗА ПРОГРАМАТА МОЖЕ ДА НАЈДЕТЕ НА СЛЕДНИОВ ЛИНК
Чекор 1 – Дали може да аплицирам?
Студент на мобилност може да биде студент на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, УКИМ кој запишува делови од студиска програма на универзитет во странство. Со ЕРАЗМУС + конкурсот кој го објавува УКИМ поблиску се уредуваат условите за аплицирање.
Чекор 2 – Одбери странски универзитет.
Листа на Универзитети/Факултети на кој може да се замине на размена(Види Erasmus+ билателарни договори).
Откако ќе одбереш странски универзитет/факултет, запознај се со избраната наставна програма. Податоците за наставната програма се достапни на интернет страната на избраниот универзитет/факултет. Можеш да аплицираш само на универзитет/факултет кој има склучено Интер-институционален Еразмус+ договор со Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, УКИМ.
Чекор 3 – Провери ја компатибилноста на предметот на странскиот универзитет со студиската програма на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, УКИМ.
Пред аплицирањето и запишувањето на предмети на странскиот универзитет, избери предмети, симни ја нивната наставна програма од интернет-страната на избраниот универзитет/факултет и достави ја до Еразмус+ координаторот на следнава адреса: v.dokovski@pf.ukim.edu.mk.
Еразмус+ координаторот ќе го контактира професорот кој го предава еквивалентниот предмет на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје за да се провери дали избраниот предмет е компатибилен најмалку 80%.
Чекор 4 – Пополни ги документите и достави ги до Еразмус + координаторот.
Потребните документи се наведуваат во ЕРАЗМУС + Конкурсот кој го објавува УКИМ.
Следниве документи
1. Student Application Form
2. Learning Agreement for Studies
3. Europass CV – модел
Се достапни на следниов линк: ЛИНК
Oстанатите документи кои се наведуваат во конкурсот на УКИМ студентот ги добива од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, УКИМ, освен потврдата за познавање на англиски јазик и препораката.
За помош при пополнување на документите контактирајте го Еразмус+ координаторот.
Документите се доставуваат во рокот кој е објавен во ЕРАЗМУС + конкурсот на УКИМ. Скенираните документи се доставуваат преку електронска пошта на следнава адреса: v.dokovski@pf.ukim.edu.mk
Откако документите ќе бидат проверени ќе бидете контактирани од Еразмус+ координаторот, за нивна достава во три примерока.
Чекор 5 – Информација за поднесената апликација
Селекцијата/рангирањето на кандидатите ја прави факултетот согласно со утврдените критериуми: академскиот успех, познавање на англиски јазик или јазикот на кој се изведува наставата, мотивација.
Листата со селектирани/рангирани кандидати од Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, УКИМ, се доставува до Одделението за меѓународна соработка на УКИМ. УКИМ одлучува по доставените апликации. Прифатените апликации се доставуваат до соодветниот избран факултет/универзитет. На крај, избраниот универзитет/факултет го контактира студентот на размена.
При одлучувањето, предност ќе имаат кандидатите кои аплицираат за првпат и досега не користеле Еразмус+ стипендија.