СООПШТЕНИЕ

Оценки за сите предмети кај проф.д-р Ана Чупеска, ќе се потишуваат во индекс  на 7ми Јули во 11.30мин. За таа цел, секој студент да понесе со себе уредна пријава и копија од iknow досието за внесената оценка.

Термин за впишување оцени кај проф. д-р Христина Рунчева Тасев

Се известуваат студентите кои полагале предмети од прв и втор циклус студии кај проф. д-р Христина Рунчева Тасев дека оцените ќе бидат впишани во четврток, 1 јули од 11 часот.Зборно место пред влезот на Правниот факултет. Не е задолжително лично присуство.

СООПШТЕНИЕ за земање оценки кај проф. д-р Х. Рунчева Тасев

Се известуваат студентите дека оцени за испитите положени кај проф. д-р Христина Рунчева Тасев ќе бидат впишани на 8.2.2020 (понеделник) во 16.30 часот. Зборно место пред главниот влез на факултетот со цел да бидат обезбедени неопходни мерки за безбедно постапување во услови на пандемија.

СООПШТЕНИЕ

Почитувани студенти,

Вашите индекси оставени во службата за студентски прашања можете да ги земете од 22.10.2020 година

Со почит,

Правен факултет “Јустинијан Први” во Скопје

ЗЕМАЊЕ ОЦЕНКИ КАЈ ПРОФ: Д-Р АНА ЧУПЕСКА

Земање оценки по сите предмети кај проф. д-р Чупеска ќе се одвива на 05.10.2020 во 10.00 часот во Долен Темпус(кабинет).

Задолжително е одржувањена дистанца и носење заштитна опрема.

СООПШТЕНИЕ ЗА ИСПИТИТЕ ПО ЕКОНОМИКА, ПОЛИТИЧКА ЕКОНОМИЈА, ДЕЛОВНИ ФИНАНСИИ, СОВРЕМЕНИ ЕКОНОМСКИ ТЕОРИИ И ОСТАНАТИ ПРЕДМЕТИ КАЈ ПРОФ. Д-Р В. КАНДИКЈАН, ПРОФ. Д-Р А. СТОЈКОВ И ПРОФ. Д-Р К. ШАПКОВА КОЦЕВСКА ВО ТРЕТАТА ДЕКАДА

Се известуваат студентите кои ќе полагаат испит по економика, политичка економија, деловни финансии, современи економски теории или друг предмет кај проф. д-р Владимир Кандикјан, проф. д-р Александар Стојков или проф. д-р  Катерина Шапкова Коцевска во третата декада во рамки на септемвриската испитна сесија дека испитите ќе се одржат на 24 септември (четврток) со почеток во 9 часот во амфитеатар 2 (ПИСМЕН ИСПИТ). Потребно е да се носи уредно пополнета пријава. Студентите задолжително треба да ги почитуваат протоколите за заштита во услови на Covid-19 пандемијата (носење маска, држење растојание и дезинфекција на раце).

Известување за термин за впишување на оцени во индекс кај проф. д-р Христина Рунчева Тасев

Се известуваат студентите дека оцените по предмети (задолжителни, изборни и опциони) положени кај проф. д-р Христина Рунчева Тасев ќе бидат впишани на ден 22 септември (вторник) во 12 часот во кабинет.
Се замолуваат студентите да ги достават индексите преку еден студент претставник на групите, со цел да се избегнат собирања пред кабинет заради состојбата со Covid-19.

СООПШТЕНИЕ ЗА ИСПИТИТЕ ПО ЕКОНОМИКА, ПОЛИТИЧКА ЕКОНОМИЈА, ДЕЛОВНИ ФИНАНСИИ, СОВРЕМЕНИ ЕКОНОМСКИ ТЕОРИИ И ОСТАНАТИ ПРЕДМЕТИ КАЈ ПРОФ. Д-Р В. КАНДИКЈАН, ПРОФ. Д-Р А. СТОЈКОВ И ПРОФ. Д-Р К. ШАПКОВА КОЦЕВСКА ВО ВТОРА ДЕКАДА

Се известуваат студентите кои ќе полагаат економика, политичка економика, деловни финансии, современи економски теории и останати предмети во втората декада во рамки на септемвриската испитна сесија дека испитите ќе се одржат на 10 септември со почеток во 9 часот во амфитеатар 2 (ПИСМЕН ИСПИТ). Потребно е да се носи уредно пополнета пријава. Студентите задолжително треба да ги почитуваат протоколите за заштита во услови на Covid-19 пандемијата (носење маска, држење растојание и дезинфекција на раце).

СООПШТЕНИЕ ЗА ИСПИТИТЕ ПО ЕКОНОМИКА, ПОЛИТИЧКА ЕКОНОМИЈА, ДЕЛОВНИ ФИНАНСИИ, СОВРЕМЕНИ ЕКОНОМСКИ ТЕОРИИ И ОСТАНАТИ ПРЕДМЕТИ КАЈ ПРОФ. Д-Р В. КАНДИКЈАН, ПРОФ. Д-Р А. СТОЈКОВ И ПРОФ. Д-Р К. ШАПКОВА КОЦЕВСКА ВО ПРВА ДЕКАДА

Се известуваат студентите кои ќе полагаат економика, политичка економика, деловни финансии, современи економски теории и останати предмети во првата декада во рамки на септемвриската испитна сесија дека испитите ќе се одржат ПИСМЕНО со почеток во 9 часот во амфитеатар 2. Студентите задолжително треба да ги почитуваат протоколите за заштита во услови на Covid-19 пандемијата (носење маска, држење растојание и дезинфекција на раце).