Наставно-научен совет ННС
Наставно-научниот совет е стручен орган на Факултетот.
Наставно-научниот совет го сочинуваат редовните и вонредните професори и доцентите во работен однос на Факултетот.
Во работата на Наставно-научниот совет, без право на одлучување, учествуваат и наставниците кои учествуваат во наставата, а не се во работен однос на Факултетот.
Во Наставно-научниот совет свои претставници избираат и студентите.
Деканатска управа
Деканатската управа е орган на управување на Факултетот и има 13 члена.
Членови на Деканатската управа се: деканот, 3 продекани, раководителот на Институтот за граѓанско право, раководителот на Институтот за деловно право и економски науки, раководителот на Институтот за казнено право, раководителот на Институтот за меѓународно право и меѓународни односи, раководителот на Институтот за правно-политички науки, раководителот на Институтот за политички науки, раководителот на Институтот за новинарство, медиуми и комуникации, раководителот на Институтот за правноисториски науки и претседателот на Студентскиот парламент на Факултетот.
Во работата на Деканатската управа учествува и секретарот на Факултетот без право на одлучување.
ИНСТИТУТИ:
- Институт за граѓанско право;
- Институт за деловно право и економски науки;
- Институт за казнено право;
- Институт за меѓународно право и меѓународни односи;
- Институт за правно-политички науки;
- Институт за политички науки;
- Институт за новинарство, медиуми и комуникации;
- Институт за правноисториски науки.
ЦЕНТРИ:
- Центар за правна клиничка едукација;
- Компјутерски центар;
- Центар за образование за интелектуална сопственост;
- Центар за политиколошки истражувања и анализи;
- Центар за кариера;