Оценување и полагање на прв циклус студии

ИСПИТЕН РЕЖИМ

Предмет на оценување во рамките на предметната програма (предметот) можат да бидат:

  • колоквиуми;
  • вежби/практична работа/теренска настава/и сл.;
  • семинарска задача;
  • домашна работа;
  • проектна работа;
  • курсеви;
  • есеи/истражување на литература;
  • други активности предвидени со предметната (предметот).

 

ИСПИТНИ РОКОВИ

Студентот има право да ги полага предметите во рамките на есенскиот, зимскиот и летниот испитен рок. Периодот и траењето на сесиите се определуваат со Календарот за активности и неработни денови на Факултетот, за секоја учебна година, а со Студентскиот календар се определува распоредот на термините за полагање на испитите, за секоја испитна сесија.

Есенскиот, зимскиот и летниот испитен рок се состојат од редовен термин за полагање на испити во траење до 21 ден и дополнителен термин за полагање на испити во траење до 10 дена. Разликата помеѓу редовниот термин во есенскиот, зимскиот и летниот испитен рок и дополнителниот термин за полагање на испити е најмалку 5 дена. Студентот има право да ги полага предметите во дополнителен термин, со надомест утврден со одлука донесена од Наставно-научниот совет Факултетот. на Студентот во рамките на дополнителниот термин за полагање на испити има право да ги полага испитите само еднаш.

 

ПРЕЗАПИШУВАЊЕ НА ПРЕДМЕТИ

Студент кој во трите испитни рока не го положил испитот, истиот предмет го презапишува во наредната учебна година во соодветниот семестар со право на избор на предметен наставник по таа предметна програма (предмет).

Трите испитни рока за предмети од зимски (непарен) семестар се: зимски, летен и есенски испитен рок. Трите испитни рока за предмети од летен (парен) семестар се: летен, есенски и зимски испитен рок. Студентот кој во 3-те испитни рока не го положил испитот, предметот од зимски (непарен) семестар го презапишува и ја следи наставата во наредната учебна година во зимскиот семестар.

 Студентот кој во 3-те испитни рока не го положил испитот, предметот од летен (парен) семестар го презапишува и ја следи наставата во наредната учебна година во летниот семестар. За презапишување на предметите се плаќа соодветен надоместок согласно со Одлука за надоместоците што ги плаќаат студентите надвор партиципација, односно школарина.