Наставно-научен совет ННС
Наставно-научниот совет е орган на управување и стручен орган на Факултетот.
Наставно-научниот совет го сочинуваат редовните и вонредните професори и доцентите во работен однос на Факултетот.
Во работата на Наставно-научниот совет, без право на одлучување, учествуваат и наставниците кои учествуваат во наставата, а не се во работен однос на Факултетот.
Во Наставно-научниот совет свои претставници избираат и студентите.
Деканатска управа
Деканатската управа е орган на управување на Факултетот и има 12 члена.
Членови на Деканатската управа се: деканот, 3 продекани, раководителот на Институтот за граѓанско право, раководителот на Институтот за деловно право и економски науки, раководителот на Институтот за казнено право, раководителот на Институтот за меѓународно право и меѓународни односи, раководителот на Институтот за правно-политички науки, раководителот на Институтот за римско право и правно-историски науки, раководителот на Институтот за политички науки и медиуми и комуникации и претседателот на Факултетското студентско собрание.
Во работата на Деканатската управа учествува и секретарот на Факултетот без право на одлучување.
ИНСТИТУТИ:
- Институт за граѓанско право;
- Институт за деловно право и економски науки;
- Институт за казнено право;
- Институт за меѓународно право и меѓународни односи;
- Институт за правно-политички науки;
-
Институт за римско право и правно-историски науки;
-
Институт за политички науки и медиуми и комуникации.
ЦЕНТРИ:
- Центар за кариера и одбор за поддршка (алумни) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
- Центар за правна клиничка едукација – Правна клиника за ранливи групи
- Центар за правна клиничка едукација по казнено право
- Центар за правна клиничка едукација – Центар за клиничка настава за спречување на корупција и судир на интереси
- Центар за правна клиничка едукација за владеење на правото, заштита на човекови права и слободи и стратешко парничење
- Центар за правна клиничка едукација – Центар за право на бегалци и миграција
- Центар за правна клиничка едукација – Правна клиника по меѓународно приватно право, меѓународно арбитражно право и инвестициска арбитража (moot court центар)
- Центар за правна клиничка едукација по реторика и правна аргументација „Иво Пухан“
- Центар за правна клиничка едукација по трудово и социјално право
- Центар за правна клиничка едукација – Центар за меѓународно јавно право и меѓународни човекови права
- Центар за правна клиничка едукација по студентска дебата
- Центар за правна клиничка едукација – Центар за истражување на холокаустот, антисемитизмот и масовните злосторства (ЦИХА)
- Центар за иновации во медиумите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
- Центар за правна клиничка едукација – Центар за климатска акција и одржлив развој