КАЗНЕНО ПРАВО – ДВЕГОДИШНИ

Во вториот семестар студентите избираат една од понудените групи на изборни предмети:

  • Група на изборни предмети А – Казнено материјално право; или
  • Група на изборни предмети Б – Казнено процесно право

Во рамките на избраната група на предмети, во вториот семестар се изучуваат вкупно три предмети.

Вкупно во вториот семестар се изучуваат 4 предмети.

Во вториот семестар студентот треба да избере една од понудените две групи: Група А – Казнено материјално право или Група Б – Казнено процесно право. Во секоја група се изучуваат вкупно 8 изборни предмета. Од листата од 8 предмети за групата изборни предмети, три предмети се изучуваат во летниот – втор семестар, додека останатите пет предмети се изучуваат во зимскиот – третиот сместар.

Студентот кој ја избрал Групата А – Казнено материјално право во летниот – вториот сместар има 1 задолжителен предмет: Судско право и три изборни предмети: Казнено материјално право – применета програма, Економско казнено право и Медицинско казнено право, додека доколку студентот ја избрал Групата Б – Казнено процесно право има 1 задолжителен предмет: Судско право и три изборни: Казнено процесно право – применета програма, Криминалистика и Компаративно казнено процесно право. 

Студентот кој ги избрал изборните предмети од Групата А – Казнено материјално право има уште 5 предмети од избраната група во текот на зимскиот – третиот семестар.

Студентот кој ги избрал изборните предмети од Групата Б – Казнено процесно право има уште 5 предмети од избраната група во текот на зимскиот – третиот семестар, за да се стекне со вкупно 90 кредити. Останатите 30 кредити студентот ги стекнува во 4-от семестар, со изработка на магистерски труд.

Wordpress Table Plugin