Организациска поставеност

Наставно-научен совет ННС

Наставно-научниот совет е орган на управување и стручен орган на Факултетот.
Наставно-научниот совет го сочинуваат редовните и вонредните професори и доцентите во работен однос на Факултетот.
Во работата на Наставно-научниот совет, без право на одлучување, учествуваат и наставниците кои учествуваат во наставата, а не се во работен однос на Факултетот.
Во Наставно-научниот совет свои претставници избираат и студентите.

Деканатска управа

Деканатската управа е орган на управување на Факултетот и има 12 члена.
Членови на Деканатската управа се: деканот, 3 продекани, раководителот на Институтот за граѓанско право, раководителот на Институтот за деловно право и економски науки, раководителот на Институтот за казнено право, раководителот на Институтот за меѓународно право и меѓународни односи, раководителот на Институтот за правно-политички науки, раководителот на Институтот за римско право и правно-историски науки, раководителот на Институтот за политички науки и медиуми и комуникации и претседателот на Факултетското студентско собрание.
Во работата на Деканатската управа учествува и секретарот на Факултетот без право на одлучување.

ИНСТИТУТИ:

  1. Институт за граѓанско право;
  2. Институт за деловно право и економски науки;
  3. Институт за казнено право;
  4. Институт за меѓународно право и меѓународни односи;
  5. Институт за правно-политички науки;
  6. Институт за римско право и правно-историски науки; 
  7. Институт за политички науки и медиуми и комуникации.

ЦЕНТРИ:

  1. Центар за кариера и одбор за поддршка (алумни) на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје
  2. Центар за правна клиничка едукација – Правна клиника за ранливи групи
  3. Центар за правна клиничка едукација по казнено право
  4. Центар за правна клиничка едукација – Центар за клиничка настава за спречување на корупција и судир на интереси
  5. Центар за правна клиничка едукација за владеење на правото, заштита на човекови права и слободи и стратешко парничење
  6. Центар за правна клиничка едукација – Центар за право на бегалци и миграција
  7. Центар за правна клиничка едукација – Правна клиника по меѓународно приватно право, меѓународно арбитражно право и инвестициска арбитража (moot court центар)
  8. Центар за правна клиничка едукација по реторика и правна аргументација „Иво Пухан“
  9. Центар за правна клиничка едукација по трудово и социјално право
  10. Центар за правна клиничка едукација – Центар за меѓународно јавно право и меѓународни човекови права
  11. Центар за правна клиничка едукација по студентска дебата
  12. Центар за правна клиничка едукација – Центар за истражување на холокаустот, антисемитизмот и масовните злосторства (ЦИХА)
  13. Центар за иновации во медиумите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ – Скопје
  14. Центар за правна клиничка едукација – Центар за климатска акција и одржлив развој