Пријава за изработка на магистерски труд може да поднесат само студенти кои ги положиле сите испити од вториот циклус на студии и се стекнале со потребниот број кредити согласно режимот .
Магистерскиот труд е резултат на самостојна работа на кандидатот со кој се систематизираат постојните научни знаења и се придонесува за нивен натамошен развој. Магистерскиот труд треба да содржи минимум 40, а максимум 50 страници (од 15.000 до 20.000 зборови) не вклучувајќи ја насловната страна, страните каде што е наведена користената литература и фуснотите.
Пријавата и изработката на магистерскиот труд, како и неговата јавна одбрана се врши според правилата определени со Упатството за изработка на магистерски труд на втор циклус студии.