Можности за финансиска поддршка

Секоја година, Министерството за образование на Република Македонија распишува конкурси за различни видови финансиска помош на студирањето. Подетални информации можат да се добијат во Министерството.

Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, почнувајќи од учебната 2017/2018 година ќе ангажира најмногу до 20 студенти на Факултетот за потребите на Стручната служба на Факултетот. Ангажирањето ќе се врши врз основа на Конкурс , а ангажираните студенти ќе бидат делумно или целосно ослободени од плаќањето на школарината за еден семестар.