Наградата „13 ноември“ за проф. Докмановиќ

На 13 ноември 2021 година на свечена церемонија во Националната Филхармонија беше доделено највисокото признание на Градот Скопје – Наградата „13 ноември“.

За придонесот во развојот на науката и високото образование наградата му беше доделена на Мишо Докмановиќ, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Во обраќањето во име на добитниците, проф. д-р Докмановиќ нагласи:

„Среќен сум што вечерва гледам толку многу посветени граѓани на Скопје. Оваа награда е и ќе биде симбол на животот во нашиот главен град, симбол на нашиот непокор, на нашата победа, на нашата слобода!

Денеска водиме нови битки. Во болниците, во училиштата, на универзитетите, во театарот, во скромните услови секојдневно се бориме за подобар живот и се трудиме да бидеме врвни професионалци. Уште позначајно водиме и битки за да обезбедиме еднакви шанси на секој наш граѓани, но и да се избориме нашата татковина да не биде сама туку интегрирана со целиот цивилизиран свет.“

Наградата се доделува традиционално од 1955 година во чест на ослободувањето на Скопје.

Повик за учество на XXIV Ораторска вечер ,,Иво Пухан”

Универзитет ,,Св. Кирил и Методиј

Правен факултет ,,Јустинијан Први” во Скопје

Организациониот одбор на Ораторската вечер ,,Иво Пухан” објавува

ЈАВЕН ПОВИК

за учество на XXIV Ораторска вечер ,,Иво Пухан”

Сите заинтересирани за учество на XXIV Ораторска вечер ,,Иво Пухан” се поканети да се пријават по електронски пат на следнава мејл адреса: e.kranlibajram@pf.ukim.edu.mk најдоцна до понеделник, 15. 11.2021 година. Пријавата треба да содржи име и презиме на кандидатот/ката, циклус, година и насока, како и единицата при УКИМ на која студира.

Повикот е отворен за студенти од сите три циклуси студии на Универзитетот ,,Св.Кирил и Методиј”.

Организационен одбор на Ораторската вечер ,,Иво Пухан”

Повик за предавачи во Учиме право клуб

Младински образовен форум (МОФ) во рамки на програмата Учиме право отвора Повик за предавачи во Учиме право клубовите.

Учиме право клубовите на Младински образовен форум се насочени кон правна едукација и запознавање на младите со основите на демократијата и правниот систем, владеење на правото и остварувањето и заштитата на човековите, граѓанските и политичките права и слободи. Oваа учебна година во рамки на програмата ќе функционираат десет почетни клуба во 6 различни градови, и тоа: Битола, Куманово, Тетово, Струга, Велес и Скопје. Содржината на клубот е поделена на четири дела и тоа: Надлежностите на државните институции, човековите слободи и права, граѓанско право и казнено право.

Обврските на Предавачот се:

  •  Одржување редовни неделни предавања во клубовите;
  •  Редовна комуникација со програмскиот координатор и асистент, локалниот координатор и асистент-предавачот на клубот; Успешно и навремено планирање, спроведување и координирање на активностите на клубовите;
  • Изработка на месечен извештај за работата на клубот;
  • Реализирање на активности во склоп на програмата Учиме право, каде спаѓаат и Учиме право клубовите;
  • Задолжително присуство на координативни состаноци и
  • Задолжително присуство на Тренинг за предавачи кој ќе се одржи на 25 и 26 семптември 2021 година.

Тренингот ќе им помогне на пријавените предавачи да добијат глобална претстава за ангажманот, обврските, методологијата и начинот на реализирање на предавањата во рамки на клубовите.

Потенцијалните кандидати треба да ги исполнуваат следните услови:

  • Да се студенти на правни студии на Правен факултет, запишани најмалку во втора година од студиите, дипломирани правници или студенти на мастер студии по право;
  • Да поседуваат развиени говорни и презентациски вештини;
  • Да располагаат со способност за работа во тим и со млади луѓе во мултиетнички средини.
  • Можност да работи за време на викенди.

Заинтересираните предавачи можат своето CV (во кое меѓудругото ќе се наведат и претходните искуства релевантни за овој повик) и кратка мотивација, да ги испратат до среда, 22-ри септември 2021 година, (23:59), на адресите: info@mof.org.mk, fari_hiseni@mof.org.mk и iva_cvetanovska@mof.org.mk со назнака „Пријава за предавач во Учиме право клуб“. За прашања поврзани со повикот, можете да се обратите на погоренаведените адреси.

Клубовите се финансирани од проектот Fostering Youth Activism through Online Media на National Endowment for Democracy.

По повод 30. годишнина на независноста – нова книга на проф. Докмановиќ

По повод 30. годишнина на независноста, денеска во Скопје беше промовирана книгата „Сами на своето – кратка историја на македонската независност (1990-1993)“ од Мишо Докмановиќ, редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Read more…

Правниот факултет „Јустинијан Први“ со гордост објавува повик за Лидерска академија за развој (ЛАД)

Правниот факултет „Јустинијан Први“ во партнерство со Институтот за демократија (ИДСЦС) и во соработка со Центарот за демократија, развој и владеење на правото на Универзитетот Стенфорд  отвора повик за  30 учесници за четвртата “Лидерска академија за развој” во Скопје.

Лидерската академија за развој (ЛАД) е водечки проект имплементиран од Центарот за демократија, развој и владеење на правото (ЦДДРЛ) на Институтот за меѓународни студии Фримен Споли на Универзитетот Стенфорд воден од професор Френсис Фукујама.

ЛАД обучува претставници на државни институции и бизнис лидери од земјите во развој со цел да го поддржат приватниот сектор во процесот да стане конструктивна сила за економски раст и развој. Семинарот ги едуцира внимателно избраните учесници како да бидат лидери за ефективни реформи, промовирајќи стабилни јавни политики во сложени и спорни услови.

Датум: 11 – 15 октомври 2021 година

Место: Правен факултет „Јустинијан Први“ – Скопје, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Крајниот рок за поднесување на вашата апликација е 5 септември 2021 година.

 За повеќе информации превземи ТУКА.

Виртуелната промоција на книгата „Балкански наследства – Долгата сенка на конфликтот и идеолошкиот експеримент во Југоисточна Европа“

Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

има особена чест и задоволство да Ве покани на виртуелната промоција на книгата

Балкански наследства – Долгата сенка на конфликтот и идеолошкиот експеримент во Југоисточна Европа

која ќе се одржи на 5 јули 2021 година /понеделник/ од 14:00 – 14:30 на платформата Зум

 

 

Балкански наследства“ е студија за последиците на војната и државниот социјализам во современиот Балкан. Авторите ги проучуваат неизбежните наследства од неодамнешното минато како и оние со кои треба да се соочи сегашноста. Главната тема на книгата е интеракцијата, често потсвесна, на искуствата на војната и социјализмот во современото општество во регионот. Петнаесет автори ѝ пристапија на оваа тема од различни дисциплинарни гледишта и преку мноштво на интерпретативни пристапи, заеднички исцртаа една сложена слика на најдолготрајните наследства на конфликтот и идеолошка транзиција во регионот, без запоставување на националните и локалните особености. Во книгата е вклучен и трудот на нашиот редовен професор Мишо Докмановиќ – „Неочекуван пресврт“ – историското наследство на дваесеттиот век и процесот на „антиквизација“ во Македонија. Книгата е објавена од страна на престижниот американски издавач Purdue University Press.

Говорници:

Проф. д-р Сашо Георгиевски, декан на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

Проф. д-р  Џон Пол Њуман, претседател на Ирската асоцијација за руски, централноевропски и источноевропски студии

Проф. д-р Балач Апор, професор на Тринити Колеџ Даблин и

Проф. д-р Мишо Докмановиќ. редовен професор на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје.

Настанот ќе се одржи на англиски јазик.

Линк за промоцијата https://us02web.zoom.us/j/83576230012?pwd=cFNWb1dDQVR6Nk1sT0FlMllCbHdKUT09

Meeting ID: 835 7623 0012    Passcode: 1122

The Faculty of law of Ss. Cyril and Methodius University in Skopje has the honour and privilege to invite you to the Virtual Book Promotion

Balkan Legacies: The Long Shadow of Conflict and Ideological Experiment in Southeastern Europe

on Monday July 5, 2021 at 2PM CET

Balkan Legacies is a study of the aftermath of war and state socialism in the contemporary Balkans. The authors look at the inescapable inheritances of the recent past and those that the present has to deal with. The book’s key theme is the interaction, often subliminal, of the experiences of war and socialism in contemporary society in the region. Fifteen contributors approach this topic from a range of disciplinary backgrounds and through a variety of interpretive lenses, collectively drawing a composite picture of the most enduring legacies of conflict and ideological transition in the region, without neglecting national and local peculiarities. The publication also includes the paper of our professor Mišo Dokmanović – The Unexpected Twist: The Historical Legacies of the 20th Twentieth Century and the Process of “Antiquisation” in Macedonia. The book was published by Purdue University Press.

Speakers:

Prof.dr.iur. Sasho Georgievski, Dean of the Iustinianus Primus Faculty of law, Skopje

Prof. dr. John Paul Newman, President the Irish Association for Russian, Central and East European Studies, IARCEES

Prof. dr. Balazs Apor, Trinity College Dublin

Prof. dr. iur. Mišo Dokmanović, Iustinianus Primus Faculty of law, Skopje

Link https://us02web.zoom.us/j/83576230012?pwd=cFNWb1dDQVR6Nk1sT0FlMllCbHdKUT09

Meeting ID: 835 7623 0012    Passcode: 1122

Правниот факултет ’Јустинијан Први’ при Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ во Скопје го освои второто место во светот на писмениот дел од студентскиот натпревар по меѓународно право ‘Phillip C. Jessup International Law Moot Court Competition‘

Студентската екипа од Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ во Скопје во состав: Елена Јаман, Соња Анастасова, Христијан Зафировски, Виктор Кочински и Леона Кичеец, а подготвувани од проф.д-р. Сашо Георгиевски и доц.д-р. Љупчо Стојковски, направи извонреден успех на меѓународниот натпревар по меѓународно право Phillip C. Jessup освојувајќи го 2-то место во светот на писмениот дел од натпреварот во конкуренција од 574 екипи од целиот свет. Со тоа тимот од Правниот факултет беше и еден од добитниците на Hardy C. Dillard наградата за најдобри комбинирани меморандуми (Best combined memorials) на натпреварот. (линк). Дополнително, за писмениот поднесок како тужител (во категоријата „Best Applicant Memorial”) Правниот факултет го освои 3-то место во светот за оваа година.

Oсвен огромниот успех кој го постигна во писмениот дел од натпреварот, тимот на Правниот факултет „Јустинијан Први” имаше и одличен настан на усниот дел од натпреварот. Натпреварувајќи се против тимовите од Lomonosov Moscow State University (Русија), University of Toronto (Канада), University of Arizona (САД), University of California-Davis (САД), University of Michigan (САД), Al Azhar University (Eгипет), Friedrich-Alexander-Universität Erlangen-Nürnberg (Германија), Harvard University (САД), Peking University (Кина) и University of Melbourne (Австралија), Правниот факултет успеа да обезбеди пласман во напредните (advanced) рунди од натпреварот и на крајот го освои 95-то место во конечното рангирање, во конкуренција на 574 екипи од целиот свет кои земаа учество на натпреварот оваа година. Со тоа, Правниот факултет се пласираше пред бројни реномирани универзитети, како на пример George Washington University (101) и Georgetown University (121) од САД, London School of Economics (115) и University College London (122) од Велика Британија,  Lomonosov Moscow State University (130) Русија, Universiteit Utrecht (116) Universiteit Leiden (207) од Холандија, University of Helsinki (128) Финска, и многу други.

Меѓународниот натпревар Philip C. Jessup е најстариот и најголемиот moot court натпревар по меѓународно право во светот. Натпреварот го организира Меѓународната студентска асоцијација за меѓународно право (ILSA – International Law Students’ Association) и истиот се одржува 62 години по ред, а на него годишно учествуваат околу 600 правни факултети од целиот свет. Натпреварот, кој секоја година во Април се одржува во Вашингтон Д.Ц, САД, претставува симулација на случај помеѓу две држави пред Меѓународниот Суд на Правдата и се одвива во две фази. Првата фаза е писмена постапка, во која тимовите подготвуваат и поднесуваат меморандуми за двете држави во спорот неколку месеци пред одржување на усната постапка. Во втората фаза, тимовите усно ги презентираат своите позиции и ги застапуваат двете држави на завршните рудни во Вашингтон (оваа година онлајн).

Правниот факултет „Јустинијан Први” при Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ во Скопје веќе четири години по ред учествува на овој престижен меѓународен натпревар и секоја година бележи успешни настапи. Подржан од Универзитетот, уште при своето прво учество во 2018-та година ја освои наградата за “Најдобар нов тим“ на натпреварот и се пласира во првата десеттина најдобро рангирани екипи (од над 710 учесници), а во 2019-та година, исто така пласирајќи се во првата десеттина екипи од светот, го освои и второто место на пријателскиот натпревар Philip C. Jessup European – Friendlies во Лисабон. Лани, Правниот факултет при УКИМ се пласира се на 26-то место на конечната ранг листа (кое лани се вршеше само според писмените поднесоци бидејќи усните рудни се откажаа), освојувајќи ја Alona E.Evans наградата за најдобри комбинирани меморандуми на меѓународните рунди на натпреварот.

Отворен повик за пријавување за меѓународен натпревар – Willem C. Vis International Commercial Arbitration Moot

Искористете ја можноста да учествувате на најголемиот натпревар од областа на меѓународната трговска арбитража во светот. Бидете дел од најдобрите, пријавете се на следниов mail: v.dokovski@pf.ukim.edu.mk
Трошоците за учество на натпреварот во Виена, како и подготвителните натпревари во градовите во Европа се целосно покриени.
Во прилог преземете го отворениот повик за пријавување за повеќе информации.

Отворен повик за пријавување за меѓународен натпревар – Frankfurt Investment Arbitration Moot

Искористете ја можноста да учествувате на најстариот натпревар од областа на инвестиционата арбитража. Бидете дел од најдобрите, пријавете се на следниов mail: v.dokovski@pf.ukim.edu.mk
 
Трошоците за учество на натпреварот во Франкфурт, како и подготвителните натпревари се целосно покриени.
 
Во прилог преземете го отворениот повик за пријавување за повеќе информации.

Правниот факултет ’Јустинијан Први’ со одличен пласман и освоена награда на студентскиот натпревар по меѓународно право ‘Phillip C. Jessup International Law Moot Court Competition‘

Студентската екипа од Правниот факултет „Јустинијан Први” при УКИМ во состав: Миа Георгиевска, Атанас Аврамов, Ивана Ажиевска и Елена Јаман

Read more…