СООПШТЕНИЕ

Се известуваат студентите од прв циклус и од втор цуклус на студии коишто имаат доставено пријава и уплатница за испит во Службатата за студентски прашања за полагање на испит во дополнителната испитна сесија којашто требаше да се спроведе во период од 30 март до 3 април 2020 година, дека уплатените средства ќе се пренаменат за други уплати во текот на студиите и тоа:

– при заверка и упис на следен семестар; или

– за издавање на уверение за завршени студии (за студентите кои се во завршна година од студии).

Уплатниците се во Службата за студентски прашања, така што при следна заверка или упис на семестар, или издавање на уверение, студентите ќе ги известат вработените во службата дека бараат уплатените средства да се пренаменат.