ΠОВИК ЗА ВОЛОНТЕРИ ВО ДРЖАВНИОТ ЗАВОД ЗА ИНДУСТРИСКА СОПСТВЕНОСТ (ДЗИС)

Во рамките на програмските активности на Државниот завод за индустриска сопственост (ДЗИС), предвидена е можност за волонтерска (практикантска) работа на тројца студенти на последипломските студии по право на интелектуална сопственост од Правниот факултет „Јустинијан Први“, магистри по право на интелектуална сопственост, или студенти од завршната година на додипломските студии заинтересирани за правото на интелектуална сопственост, со можности за натамошен професионален развој во оваа област.
Статусот, правата и обврските на волонтерите се уредуваат со закон и со договор меѓу јавната установа и волонтерот.
Заинтересираните кандидати да испратат биографија до проф. д-р Христина Рунчева Тасев, секретар на последипломските студии на e-mail: h.runchevatasev@pf.ukim.edu.mk, најдоцна до Четврток, 15 јули 2021 г.
Успешните кандидати ќе бидат повикани на интервју.