CEEPUS мрежата за биоетика е активна за аплицирање на студенти од Правниот факултет „Јустинијан Први“ за размена на некои од другите партнер универзитети. На следниот линк: CEEPUS (2022.21.1) студентите може да се информираат за можностите. Аплицирањето за зимскиот семестар е до 15 јуни, 2022 година.
Дополнително, постои можност за учество на студенти на летна школа во Печ, Унгарија на тема: Europе (Re)Discovered во периодот 26-30 септември, 2022 година и на зимска школа на Универзитетот во Виена на тема „Ecological Education“,во периодот 28 ноември – 2 декември, 2022 година.
Заинтересираните студенти може да се обратат за дополнителни информации кај проф. д-р Елена Игновска.