Во прилог се дадени термините за посета на граѓански судења пред Основниот граѓански суд Скопје, за студентите кои го слушаат наставниот предмет договорно право, како задолжителен, на насоката за граѓанско материјално право и граѓанско процесно право. Притоа, ако на списокот се наоѓаат и студенти кои се запишани во IX-тиот семестар, следењето судења на нив се однесува единствено доколку го слушаат наставниот предмет договорно право како задолжителен, а инаку е опционо. Термините и распоредот по групи се фиксни и не подлежат на промени, од причина што составот на групите е најавен на Судската полиција. Студентите се должни со себе да носат индекс и документ за лична идентификација. Исто така, студентите кои посетуваат судења се должни да се најават во Судот десет минути пред соодветниот термин на рочиштето.
Н. Гавриловиќ