ДОСТАВУВАЊЕ НА ДОКУМЕНТИ ЗА ЗАПИШУВАЊЕ ПО ЕЛЕКТРОНСКИ ПАТ ВО IKNOW СИСТЕМОТ И ПРЕКУ ЕЛЕКТРОНСКА ПОШТА

Почитувани студенти – идни бруцоши,

Ви благодариме за електронската пријава. Поради новонастанатата ситуација поврзана со корона вирусот (COVID-19), оваа година потребните документи ќе се доставуваат по електронски пат во дигитална форма задолжително на следниве два начини:

По вашата електронска пријава на страната www.upisi.ukim.mk, ваша задолжителна обврска е електронско прикачување на документите. Секој студент има задолжителна обврска да ги испрати документите на следниве два начина:

1. Испратени и атачирани сите документи на мејлот upisi-pravf@ukim.edu.mk

  1. Прикачени(атачирани) во iKnow системот во полето “Прикачи документи ”(најдолу од страната) од табот “Поднесување” што се наоѓа веднаш по пополнување на електронската пријава .

УПАТСТВО за испраќање преку електронска пошта и iKnow систем

  1. При испраќање на документите преку електронска пошта (e-mail) потребно е да ги запазите следниве чекори.

А. Во предмет(Subject) на електронската пошта, кандидатите го наведуваат бројот што автоматски им го генерирал системот за електронско пријавување.

Б. Во прилог на пријавата, треба да се прикачат (во Attach File) скенирани следниве документ:(во pdf или jpg формат):

  1. Пријава за запишување (образец А1)
  2. Електронска пријава (од iKnow-системот)
  3. административна такса од 50 денари (Образец ПП 50: Назив на примачот: Трезорска сметка-Скопје; Уплатна сметка 840-ХХХ-03161; Конто 722313 00)
  4. oригинални свидетелства од сите класови
  5. Документ за положена државна матура (Оригинално свидетелство за завршено средно образование)
  6. Извод од матична книга на родените (оригинал)
  7. Доказ за државјанство на Р. Македонија (уверение или решение)
  8. Уплатница за уплатени 300 денари на жиро сметка на Правниот факултет”Јустинијан Први ” во Скопје
  9. Интерен пријавен лист и универзитетски пријавен лист (се печати од електронската пријава) – IKnow

  10. Изјава за национална припадност(се приложува само ако во свидетелствата и дипломите не е наведена националната припадност) (се печати и од електронската пријава)

  11. Изјава за неподигање документи(се печати и од електронската пријава)
  12. Изјава за користење лични податоци (се печати и од електронската пријава)
  13. Изјава за веродостојност и точност на приложените скенирани документи(се печати и од електронската пријава)
  14. Изјава за неконкурирање на друг универзитет(се печати и од електронската пријава)
  1. Ваша обврска е да влезете повторно на страната upisi.ukim.mk, да се логирате повторно и да стигнете го прозорецот поднесување. (со кликање на продолжи десно доле).

Најдоле во табот “Поднесување” се наoѓа прозорецот “Прикачи документи ”.
Потребно е да се прикачи секој документ што ви се бара да го прикачите.
Прикачувањето се врши на начин што кликате на пр. Сведителство и веднаш ви се отвара                   pop up прозорец за негово атачирање.
Го наоѓате соодветниот документ и кликате open, при што добивате порака дека сте го                         прикачиле тој документ.
Во прилог подолу  ви е даден сликовит пдф документ од Табот “Поднесување” со                                     соодветните чекори.
https://ukimmk-my.sharepoint.com/:b:/g/personal/ikt_pf_ukim_edu_mk/EZr0ANPqFu5FkL88tlsdNQkBk_6D8YzOzbcqSsxnWq0eFg?e=3f1Fjw

Доколку имате технички проблеми, обратете се на следниов email: ikt@pf.ukim.edu.mk

Со почит,

Правен факултет “Јустинијан Први ” во Скопје