ЕДУКАТИВНО-ИНФОРМАТИВЕН МАТЕРИЈАЛ ЗА ПОЧИТУВАЊЕ НА ЗАШТИТНИТЕ ПРЕВЕНТИВНИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА ОД ВНЕСУВАЊЕ И ШИРЕЊЕ НА COVD-19 НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ ВО СКОПЈЕ

  • Со овој едукативно-информативен материјал за почитување на заштитните превентивни мерки се уредува начинот на кој ќе се организираат и спроведуваат испити со физичко присуство на студентите на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, во рамки на летниот испитен рок во учебнaта 2019/2020 година.
  • Едукативно-информативниот материјал е во согласност со Протоколот за утврдување и постапување на јавните и приватните високообразовни установи во Република Северна Македонија, односно единиците во состав на истите, при изведување на испитите („Сл.весник на РСМ“ бр. 140/2020) (во натамошниот текст: Протокол).
  • Доколку некој од студентите има респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) не смее да присуствува на испит.

ПРОТОКОЛ ЗА УТВРДУВАЊЕ И ПОСТАПУВАЊЕ НА ЈАВНИТЕ И ПРИВАТНИТЕ ВИСОКООБРАЗОВНИ УСТАНОВИ, ОДНОСНО ЕДИНИЦИТЕ ВО СОСТАВ ПРИ ИЗВЕДУВАЊЕ НА ИСПИТИТЕ

 

Почитување на заштитните превентивни мерки:

 

  • Заштитна маска:
    • При влегување на Факултетот, студентите се должни да носат заштитна маска која задолжително ги покрива носот, устата и брадата.
    • Студентите се должни за време на целиот престој на Факултетот да носат заштитна маска.
    • На студентите кои нема да носат заштитна маска, нема да им биде дозволен влез на Факултетот, односно полагање на испит.
  • Дезинфекција на раце и обувки:
  • Студентите при влегување на Факултетот задолжително треба да ги дезинфицираат рацете со средство за дезинфекција на рацете на база на алкохол.
  • Студентите при влегување на Факултетот задолжително треба да ги дезинфицираат обувките на простирка натопена со дезинфекционо средство за обувките.
  • Одржување на физичко растојание:
  • При влегување на Факултетот и за време на целиот престој на Факултетот, студентите треба да држат соодветно растојание од најмалку 2 метра.

Постапување на студентите пред одржување на испит, за време на испит и по завршување на испит

 

  • Постапување на студентите пред одржување на испит:
  • Студентите се должни да дојдат на Факултет најмалку 30 минути пред започнување на испитот.
  • Се влегува само од главниот влез на Факултетот.
  • Пред главниот влез на Факултетот, студентите треба да држат соодветено растојание од најмалку 2 метра.
  • По извршената дезинфекција на рацете и обувките со соодветно средство за дезинфекција и по извршена контрола од службеното лице за задолжително носење на заштитна маска, студентите директно, без задржување, се упатуваат кон просторијата каде е закажано полагање на испит.

 

  • Постапување на студентите за време на одржување на испит:
  • Студентите се должни да седат на посебно означените места во просторијата каде е закажано полагање на испит, кои се означени со строго почитување на меѓусебното физичко растојание помеѓу секој студент од најмалку 2 метра.
  • Студентите се должни при влегување во просторијата каде што ќе се спроведува испит да извршат дезинфекција на рацете со средство за дезинфекција на база на алкохол.
  • Носењето на заштитна маска е задолжително за времетраење на испитот.
  • Наставниците се должни за времетраење на испитот да носат заштитна маска и ракавици.
  • Просториите за време на одржување на испитот задолжително да се проветруваат.
  • Пред почетокот на испитот студентите се легитимираат со покажување на индекс од соодветна далечина.
  • Постапување на студентите по завршување на испит:
  • По завршување на писмен испит, студентите ги оставаат тестовите и материјалите од полагањето на точно означеното место.
  • Студентите при излегување од просторијата каде што е спроведен испит, задолжително ги дезинфицираат рацете и без задржување со држење на соодветно физичко растојание од најмалку 2 метри се упатуваат кон излезот на Факултетот.
  • Се излегува само од страничната врата на Факултетот што се наоѓа кај службата за студентски прашања.
  • На студентите им се забранува задржување и групирање во внатрешниот дел на Факултетот, пред почеток на испит и/или по завршување на испит.

Дезинфекција на простории и тоалети

  • Дезинфекција на простории:
  • Пред почеток на секој испит, како и по завршување на секој испит, хигиеничарките се должни да ја исчистат просторијата со средства за дезинфекција предвидени во Протоколот (маси, столчиња, катедра, под, врата, кваки, прекинувач) и задолжително да ја проветрат просторијата.
  • Во просториите во кои се полагаат испитите, во просториите каде што се одржуваат јавни одбрани на докторски труд или магистерски труд, на влезот и на излезот од Факултетот, задолжително има корпа за отпадоци со капак.
  • Пред почеток на јавна одбрана на докторски труд или магистерски труд, како и по завршување на јавната одбрана, хигиеничарките се должни да ја исчистат просторијата со средства за дезинфекција предвидени во Протоколот (маси, столчиња, катедра, под, врата, кваки, прекинувач) и задолжително да ја проветрат просторијата.
  • Хигиеничарките се должни редовно и зачестено да ги чистат и просториите на Факултетот каде што има поголема фрекфенција на студенти и на надворешни лица: службата за студентски прашања, библиотеката, архива и деканат.
  • Дезинфекција на тоалети:
  • Хигиеничарките се должни редовно и зачестено да ги чистат тоалетите со соодветни средства за дезинфекција, со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на средства за дезинфекција.

Спроведување на јавни одбрани на докторски трудови и магистерски трудови:

  • Кандидатите (студенти) кои се присутни на Факултетот заради одбрана на докторски труд или магистерски труд се должни да ги почитуваат мерките кои се наведени во однос на носење на заштитна маска, држење на физичко растојание од најмалку 2 метра и дезинфекција на рацете и обувките при влегување на Факултетот, како и дезинфекција на рацете при влегување и излегување од просторијата каде што се спроведува јавната одбрана.
  • Во просториите каде што е закажана јавна одбрана на докторски труд или магистерски труд се обележани местата каде што треба да седат членовите на комисијата за одбрана, кандидатот и уште најмногу три лица.
  • Покрај членовите на комисијата за одбрана и кандидатот, на јавната одбрана може да присуствуваат уште најмногу три лица, кои треба да ги почитуваат заштитните превентивни мерки во целост.

Препораки:

  • Наставниците и студентите задолжително да го почитуваат времето на започнување на испитот и јавните одбрани на докторски труд или магистерски труд, како и времетраењето на испитот и јавните одбрани, со цел да се олесни процесот на организирање на спроведување на испити и јавни одбрани со почитување на заштитните превентивни мерки.
  • Во службата за студентски прашања, библиотеката, архива и деканат, задолжително да се регулира влегување на студенти и надворешни лица со почитување на сите заштитни превентивни мерки за заштита од внесување и ширење на вирусот CoVid-19.

Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

%MCEPASTEBIN%