Избирачки список на студенти со право на гласање на Изборите за претседател и членови на Факултетското студентско собрание

               Врз основа на чл.18 од Правилата за избор на Претседател и Членови на Факултетското студентско собрание, Изборната Комисија го објавува прелиминарниот Избирачки Список на студенти со право на гласање.
Прелиминарен Избирачки Список

               Согласно Правилата, гласањето ќе се спроведе електронски, преку формулари за гласање испратени на денот на одржувањето на изборите, на официјалните студентски електронски адреси со екстензија „@students.pf.ukim.mk”. Со цел, преземање на сите неопходни дејствија за благовремено подготвување на Изборите, Изборната Комисија ги известува студентите дека рокот за увид во Избирачкиот Список трае до 23 ноември, 2020 (понеделник). 

               Во погоре наведениот рок, секој студент може да побара исправка или дополнување на избирачкиот список, како и техничка помош или поддршка за активирање на персонализираниот, официјален студентски мејл со екстензија „@students.pf.ukim.mk”, со поднесување на барање преку Архивата или испраќање на мејл на Советникот за ИКТ на Правниот факултет „Јустинијан Први” на електронската адреса ikt@pf.ukim.edu.mk односно на официјалниот мејл на Правниот факултет.  

               По истекот на првичниот рок за увид (23 ноември, 2020), Изборната Комисија ќе ги разгледува само барањата за увид на студентите кои поради оправдани причини не биле во можност да испратат барање за увид во првичниот рок, но во секој случај, не подоцна од 30 ноември, 2020 (понеделник). 

                

                Со почит,

    Членовите на Изборната Комисија