ИНТЕРЕН ОГЛАС ЗА ИЗБОР НА ДЕМОНСТРАТОРИ

УНИВЕРЗИТЕТ „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје

Правен факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

Врз основа на член 163 од Законот за високото образование („Сл. весник на РСМ“ бр. 82/2018) и член 53, став 2 од Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје (Универзитетски гласник бр. 411, 5 ноември 2018 година), деканот на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, распишува

                                                  ИНТЕРЕН ОГЛАС

                       за учебна 2019/2020 година

            1. За избор на демонстратор на предметите на научната област административно право и јавна администрација на прв циклус студии во учебната 2019/2020 година – (1 извршител);

                             2. За избор на демонстратор на предметот Општ дел на граѓанско право на прв циклус на студии во учебната 2019/2020 година  – (1 извршител);

                             3. За избор на демонстратор на предметот Стварно право на прв циклус на студии во учебната 2019/2020 година  – (1 извршител);

                             4. За избор на демонстратор на предметот Граѓанско процесно право на прв циклус на студии во учебната 2019/2020 година  – (1 извршител).

       Кандидатите треба да ги исполнуваат условите предвидени во Законот за високото образование („Сл. весник на РСМ“ бр. 82/2018) и Правилникот за посебните услови и постапката за избор во наставно-научни, научни, наставно-стручни и соработнички звања и демонстратори на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје   (Универзитетски гласник бр. 411, 5 ноември 2018 година).

       Кон пријавата, кандидатите треба да достават: доказ дека се студенти на втор циклус или трет циклус на студии (докторски студии) од соодветна студиска програма; доказ за просечна оценка за завршени студии од прв циклус најмалку 8,00 (осум) и кратка биографија (CV).                                                  

        Документите се доставуваат на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, бул. „Гоце Делчев“ 9б – Скопје, во рок од 5 дена од денот на објавувањето.

        Дополнителни информации на тел: 02/3117-244.

12.09.2019 година