Редовните студенти на прв циклус (додипломски) студии можат да станат корисници на субвенциониран студентски оброк под условите определени со Законот за субвенциониран студентски оброк (Службен весник на РСМ, бр. 31 од 10.2.2020 година).
Министерството за образование и наука подготвува електронска апликација преку која секој кандидат може да се пријави за користење на правото на субвенциониран студентски оброк.
Во оваа електронска апликација секој кандидат ги внесува бараните податоци кои ги обработува и одобрува Министерството за образование и наука
Пријавувањето за субвенциониран студентски оброк ќе се врши по објавен Јавен повик на web страната на Министерство за образование и наука, по електронски пат.
Студентите кои ги задоволуваат условите согласно со Законот за субвенциониран студентски оброк, ќе се пријавуваат електронски на интернет порталот на Министерството на е-адресата https://e-uslugi.mon.gov.mk