Конкурс за кофинансирање на учество на научни работници на семинари и симпозиуми

Француското министерство за високо образование, наука и иновации објавува конкурс за кофинансирање на научни работници од земјите на централна и источна Европа, за учество на семинари, научни симпозиуми и конгреси во Франција, преку програмата ACCES.

Информациите и формуларот се наоѓаат на следниов линк:

https://www.enseignementsup-recherche.gouv.fr/cid54731/appel-d-offres-acces-2020.html

Исто така, преку програмата PARCECO, се нуди можност да се кофинансира учество на француски предавачи на семинари и летни школи организирани во земјите на централна и источна Европа.

Информациите и формуларот за оваа програма се наоѓаат на следниов линк:

https://www.enseignementsup-recherche.gouv.fr/cid54732/appel-d-offre-parceco-2020.html

Рокот за пријавување на двете програми е 2 февруари 2020 до 18:00 часот.