Се известуваат студентите од трета година на додипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје дека Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје доделува награда „26 јули“ за учебната 2018/2019 година од средствата на Фондацијата „Франк Манинг“.
Наградата „26 јули“ од средствата на Фондацијата „Франк Манинг“ се доделува на редовни студенти од завршниот семестар на прв циклус студии кои покажуваат особени резултати во студиите, со просечен успех остварен во текот на студирањето од најмалку 8.00 и кои, заклучно со февруарската испитна сесија, ги завршиле сите обврски предвидени со студиската програма, без презапишување на предмети и кои во летниот семестар ги запишале сите предмети од завршниот семестар.
Студентите од трета година на додипломски студии на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје можат да конкурираат најдоцна до 02.05.2019 година со пополнување на пријава во службата за студентски прашања.
Пријавата може да ја преземете ТУКА.