КОНСУЛТАЦИИ ЗА ОПЦИОНИ ПРЕДМЕТИ КАЈ Ј. ДАБОВИЌ, Н. ГАВРИЛОВИЌ И Н. ЗДРАВЕВА

Се известуваат студентите кои оптирале наставни предмети што се слушаат кај проф. д-р Јадранка Дабовиќ Анастасовска, проф. д-р Ненад Гавриловиќ и проф. д-р Неда Здравева, во рамките на IX-тиот семестар, дека за истите ќе се држи само менторска настава, од причина што не е формирана група од најмалку 21 студент. Притоа, во однос на испитната литература и начинот на полагање, се закажуваат консултации во следниве термини:

  • за наставниот предмет договори на автономната трговска практика, консултации ќе се држат на 14.11.2019 година, од 12:30 часот, во кабинетот на проф. д-р Ненад Гавриловиќ.
  • за наставните предмети потрошувачко право,  интернет право и право на интелектуална сопственост, консултации ќе се држат на 14.11.2019 година, од 16:00 часот, во мал амф. 1.

Н. Гавриловиќ

Н. Здравева