К О Н К У Р С за запишување студенти на трет циклус студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2021/2022 година

Почитувани, Конкурсот за запишување на студенти на трет циклус студии – докторски студии на студиските програми на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, во академската 2021/2022 година е објавен и истиот е достапен на следниот линк:
https://ukim.edu.mk/dokumenti_m/Konkurs-III-ciklus-2021_22.pdf

  1. Услови и начин на запишување студенти: 
  • На докторски студии можат да се запишат лица кои завршиле соодветни академски студии и кои ги исполнуваат следниве основни услови: 
    • – завршени втор циклус академски студии со стекнати најмалку 300 ЕКТС- кредити од првиот и вториот циклус студии збирно; 
    • – завршени постдипломски студии на студиските програми пред воведувањето на европскиот кредит-трансфер систем, на кои им се признаваат 60 кредити за организирана академска обука и предавања и друг вид комуникациски активности; – стекната стручна подготовка според студиски програми за регулирани професии, со стекнати најмалку 300 ЕКТС-кредити, или со завршени интегрирани студии со 360 кредити; 
    • – остварен просечен успех од претходно завршеното образование (прв и втор циклус студии посебно, односно на интегрираните студии), од најмалку 8. Наставно-научниот/наставнонаучниот и уметнички/научниот совет, со воведување на дополнителни услови, може да овозможи запишување на кандидат со остварен просечен успех од претходно завршеното образование (прв и втор циклус студии посебно, односно на интегрираните студии), од најмалку 7,5, само по исклучок, доколку се исполнети дополнителните услови утврдени од советот на студиската програма. 
    • – познавање на англиски јазик, што се докажува со уверение или сертификат издаден од Филолошкиот факултет „Блаже Конески” во Скопје при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за ниво Б2 според Европската јазична рамка на Сoветот на Европа, меѓународен сертификат за истото ниво издаден од официјален европски тестатор, утврден со конкурсот или диплома за претходно стекнато образование – додипломски студии (прв циклус) и/или постдипломски студии (втор циклус) каде што студиската програма се изведувала на англиски јазик

2. Рокови за пријавување и запишување на кандидатите 
Прв уписен рок:

  • Пријавување на кандидатите 20.9. – 4.10.2021
  • Објавување прелиминарни листи 12.10.2021
  • Одлучување по приговори 18.10.2021
  • Објавување конечни листи 22.10.2021
  • Запишување на кандидатите 25.10. – 3.11.2021

Втор уписен рок:

  • Пријавување на кандидатите 15.12. – 22.12.2021 
  • Објавување прелиминарни листи 27.12.2021 
  • Одлучување по приговори 10.1.2022 
  • Објавување конечни листи 17.1.2022 
  • Запишување на кандидатите 24.1. – 28.1.2022

Документите потребни за пријавување и селекцијата на кандидатите се предвидени во Конкурсот.